Приведен тетовец кај кого е пронајден карабин, куршуми и рамка за автоматска пушка


Полицијата синоќа во 20.30 часот, врз основа на судска наредба, извршила претрес во домот на А.Џ. во Тетово, при што биле пронајдени и одземени карабин калибар 8 х 57 ЈС, три куршуми калибар 8х57 и една рамка за авотоматска пушка со 21 куршум калибар 7.62 милиметри. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно […]

„Титаник“ одложен за 4 септември


Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ е одложено за 4 септември, на барање на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова. Одолжувањето беше побарано откако одбраната на обвинетите предложи прекинување на пастапката за „Титаник“ до разрешување на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која според нив е единствено надлежна да ги застапува предметите на СЈО. Обвинителката Стефанова, […]

Србин и Турчин уапсени на аеродромот во Скопје


Двајца странци кои се бараат за апсење се приведени на аеродромот во Скопје, соопшти полицијата. Се работи за српски и за турски државјани на кои во евиденцијата им стои дека треба да бидат уапсени. Имено, во четвртокот, во 17.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на влез во РСМ, при вршење пасошка контрола и […]

Пешак прегазен во Аеродром


Со тешки повреди се здоби жена која преминувала сервисна улица која се крсосува со булевар во Аеродром кога на неа налетало патничко возило, соопшти МВР. Имено, во четвртокот, во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од сервисна улица и булеварот „Јане Сандански“ патничко моторно возило „Опел мерива“ со скопски регистарски ознаки […]

Во Кривичен судење за „Титаник“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Минатото рочиште се одложи поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев. Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 […]

Три лица во Прилеп осомничени за насилство


Основното јавно обвинителство од Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица кои се сомничат дека сториле кривично дело насилство. Тие на на 19 август во кафе бар во Прилеп без повод и причина физички нападнале 21-годишно момче кое седело во кафе барот. Тепачката продолжила пред кафе барот при што момчето се здобило […]

Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември


Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“ е одложено за 5 септември поради отсуство на претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, кој е на боледување. Судијата Осман Шабани, информира дека поради економичност на постапката за денешното рочиште не е спроведен од затворот Штип осомничениот Фејзи Азири, како и дека […]

Во Кривичен судење за „Монструм“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, за што на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, […]

Загина работник кој миел прозорци на зградата на ФФМ


Во вторникот, во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „АСНОМ“, В.П.(56) од Скопје, вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи со кран на зградата на ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија), паднал и од здобиените повреди починал на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а при падот на […]

Судењето за „ТНТ“ продолжува на 30 август


Во Основниот кривичен суд во Скопје, денешното рочиште за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство се одложи за 30 август, заради отсуство на судијата Огнен Ставрев, кој го води предметот, а во моментов е на боледување. Имено, на претходното рочиште поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот „ТНТ“, за […]

ОЈО отфрли иницијатива на ДКСК поради застареност


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против три лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија од ОЈО, посочувајќи дека одлуката е донесена бидејќи настапила застареност на кривичното гонење. – Пријавата се […]

Спасени двајца браќа кои со мотицикли се загубиле на Шар Планина


Двајца браќа од Скопје кои со мотоцикли вчера тргнале да се искачуваат на Титов врв, но заталкале на Шар Планина, ноќеска се спасени од  полициски службeници од станицата за граничен надзор Маздрача и од Секторот за внатрешни работи Тетово. Во тетовската полиција синоќа околу 21 часот и 15 минути било пријавено дека Е.Х.(31) и неговиот […]

Работници завршија во болница откако паднале од висина при работа


Двајца работници, вчера, се здобиле со тешки телесни повреди откако паднале од висина и веднаш биле хоспиталиризани на Клинички центар. „На 19.08.2019 во 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека  во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје, кои се здобиле […]

Ново рочиште за случајот „ТНТ“


Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство. Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на последното рочиште беа сослушани сведоци предложени од одбраната. Во предметот „ТНТ“, кој се […]

Градежен работник почина на градилиште во Радишани


Вчера од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(63) од Богданци, кој бил ангажиран за изведување градежни работи на куќа во населбата Радишани. Имено, според пријавеното, околу 8 часот Б.С. при изведување на работи, паднал од висина и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде околу […]

Одбраната во „Титаник 3“ бара изземање на СЈО


Изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и на нејзините ополномоштени обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, денеска побара бранителот на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, адвокатот Еленко Миланов. Судот по барањето треба се произнесе по паузата. Адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања […]

Судењето за „Титаник“ продолжува на 23 август


Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 23 август, откако денешното рочиште се одложи поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев. Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 […]

Момче се удави во Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен


Петнаесетгодишно момче се удави вчера во водите на реката Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен, потврди кумановската полиција. Според првичните информации на СВР Куманово, момчето родено во 2004-та година заедно со уште едно возрасно лице и двајца малолетници, вчера во 16:15 часот влегол во водите на Пчиња и се удавил. Известен е јавен обвинител и […]

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Претходното рочиште беше одложено поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев. Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од […]

Карамбол на патот Струмица-Валандово, повредени се четири лица


Во сообраќајна несреќа што се случи во 10:40 часот на патот Струмица – Валандово, пред селото Костурино, повредени се четири лица кои се пренесени во болницата во Струмица, информираше за МИА портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. На патот моментно е создадена долга колона од возила кои се движат во правец од Валандово кон Струмица […]