Се бара продолжување на притворот за Јанева


Фото: Б. Грданоски

Обвинителството за организиран криминал и корупција бара Катица Јанева и понатаму да остане во притвор, поради што денеска до судот испратиле предлог за продолжување на мерката.

Обвинителката Вилма Русковска продолжувањето на притворот го бара поради два основи и тоа опасност од бегство и опасноста да влијае врз сведоци или да уништи докази. Обвинителството се откажа од третиот основ, односно повторување на кривичнното дело, бидејќи Јанева неодамна беше разрешена од позицијата специјален јавен обвинител, поради што повеќе нема опасност дека ќе го повтори делото.

Триесетдневниот притвор на Јанева истекува во петок. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска најави дека таа ќе бара Јанева да се брани од слобода, а како гаранција ќе биде понуден нејзиниот недвижен имот.