Починал маж на Клиниката за токсикологија- бил донесен во тешка состојба


Непознато машко лице синоќа пристигнало на Клиниката за токсикологија во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што починало, соопшти МВР.

Според пријавеното, лицето во клиниката дошло во тешка состојба и по кратко време починало. Извршен бил увид. Се работи на расчистување на случајот.