Со мотор паднал во Вардар кај мостот „Близнак“


Фото: Б. Грданоски

Во средата во 20.30 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци“, М.М.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „БМВ“, изгубил контрола и паднал во реката.

М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.