Во сообраќајка загина тракторист


Во средата, во 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило и трактор, при што загина 48-годишен тракторист.

Имено се судриле „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.Ќ.(56) од село Г.Лакочереј, охридско, и трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од село Велешта, Струшко.

Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.

Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.