Полицијата приведе две лица додека краделе во двор од куќа во Куманово


Кумановската полиција  затекнала двајца крадци во двор од куќа на улицата „Народна револуција“, соопшти денеска СВР Куманово. Полициските службеници, дваесет минути по полноќ во двор од куќата ги лишиле од слобода 23-годишниот А.А. и  една година постариот В.А. од Куманово. Уште едно лице кое било со нив успеало да избега. Тие биле затекнати додека извршувале тешка кражба во куќата,  а покрај […]

ОЈО: Со објавениот записник прекршен е член 289 од Закон за кривична постапка


Кривичното дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик го сторува тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците кои претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или […]

Катица Јанева донесена во обвинителството, ќе врши увид во доказите за „Рекет


Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“ попладнево со полициско возило и придружба од КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор, беше донесена во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Јанева во Обвинителството ќе го искористи правото да изврши увид во доказите за случајот „Рекет“. Ова го најави нејзината […]

Возач на комбе од Прилеп усмрти пешак во Струмица


Во кругот на индустриската зона во Струмица во утринските часови во средата се случила сообраќајна незгода со трагичен исход. Како што информираат од МВР, комбе марка „мерцедес спринтер“ со прилепска регистрација удрило во 69-годишен пешак од Струмица. Од ударот на комбето, кое го управувал 40-годишен прилепчанец, пешакот починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен […]

Не го нашле Иво Котевски, случајот „Тортура“ одложен за 9 октомври


Судењето за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година „Тортура” продолжува на 9 октомври, откако денешното рочиште беше одложено поради боледување на петтоосомничениот Петар Милошевски кој го повредил коленото. Судскиот процес го води судијката Александра Ристевска, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе. Јавниот обвинител Љубомир Лапе на почетокот на рочиштето го повлече […]

Еден повреден од 11 сообраќајки во Скопје


Едно лице било тешко повредено во една од вкупно 11 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во шест сообраќајки со полесни повредни се здобиле шест лица, а во четири била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 58 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а […]

Дуковски: Неразбирливо е зошто не нѝ дадоа увид во исказот на Кичеец


Првоосомничениот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски, денеска четири часа вршеше увид во доказите во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Јовановски беше донесен од затворот во Шуто Оризари со полициска придружба во Обвинителството, а потоа така и си замина. По увидот неговиот адвокат, Сашо Дуковски, рече дека увидот ќе продолжи и следните денови. Според него, […]

Украдена ташна со 11.000 евра во гаражата на „Скопје сити мол“


Скопјанец пријавил во полиција дека бил ограбен во подземните гаражи на „Скопје сити мол“, односно насила му одзеле ташна со 11.000 евра и други валути. Според полицискиот билтен, во вторникот, во 15 часот во Полициската станица Карпош, К.К.(30) од Скопје пријавил дека во периодот од 10.20 до 11 часот во подрумските гаражи во Трговскиот центар […]

Пронајдено починато лице во близина на поранешниот хотел „Кристал“ во Куманово


Во СВР Куманово денеска е пријaвено дека во монтажните тоалети, во близина на поранешен  хотел „Кристал” има починато 29 годишно лице. По овластување на Основен суд Куманово увид извршила екипа на СВР Куманово. – Според наодот од лекар мртвопроверител, причината за смртта била предозирање со опојни дроги, се наведува во соопштението на СВР Куманово. Кумановската полиција […]

Кривична пријава за екс градоначалникот на Неготино и негови соработници


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против пет лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Неготино, осомничени за сторени повеќе различни кривични дела за злоупотреба на службената положба и овластување, за несовесно работење во службата, за употреба на исправа со невистинита содржина и за фалсификување службена исправа. Кривична пријава е поденсена против […]

Еден повреден во сообраќајка во Скопје


Сопатник на патничко возило бил тешко повреден во една од вкупно 14 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во осум сообраќајки со полесни повреди се здобиле 14 лица, а во пет била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 13 возачи кои се движеле со брзина […]

Се скарале за паркинг, па му го искршил стаклото на БМВ-то


Триесет и тригодишен гостиварец попладнево пријавил оштетување на возилото откако претходно се расправал со сограѓанин. Од СВР Тетово информираат дека настанот кај нив телефонски бил пријавен во 15:20 часот од страна М.С. (33) од Гостивар. Тој според пријавеното, претходно го паркирал автомобилот “бмв” со гостиварски регистерски ознаки на улица “Илинденска” во близина на трговскиот центар. […]

Двајца патници од превртениот автобус кај Кочани задржани во болница


Две жени, патнички во автобусот што попладнево се преврте на влезот на Кочани, поради посериозни повреди се задржани во Општатата болница, а другите петмина повредени се пуштени на домашно лекување. Состојбата на повредените е стабилна и веќе е направен неопходниот медицински преглед и третман во хируршкото одделение. – Околу 15:30 часот на нашето одделение беа […]

Новинар на МРТВ нападнат на работното место


Новинарот, вработен во македонската државна телевизија, Реџеп Ќамили, на неговиот профил на Фејсбук тврди дека е физички нападнат на работното место, од страна на неговиот колега, Авни Ќаили. Ќамили повикал и полиција. Најави дека постапката ќе ја тера до крај, односно се додека лицето за кое тврди дека го нападнало, не одговара согласно законите. Тој […]

Се преврте автобус кај Кочани, шестмина повредени


Автобус се преврте попладнево околу 15 часот на влезот на Кочани кај хотел „Национал“ и заврши во отвор покрај железничката пруга. Според првичните информации, повредени се шест лица и итно се префрлени во Општата болница во Кочани. Автобусот возел на релацијата Штип – Кочани и во моментот на несреќата немало поголем број патници. Неофицијално, возачот […]

Осум граѓани измамени при купување на дрва


Осум граѓани од Штип, Свети Николе и Кочани се измамени при купување на дрва за греење во текот на изминатите три месеци. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека последните два случаи се случиле во исти ден на 20 септември во Свети Николе. Токму поради поголемиот број на регистрирани измами денеска СВР-Штип упати апел до […]

Зоран Милевски – Кичеец пуштен во домашен притвор


Второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец ќе биде пуштен во домашен притвор, откако денеска судија на претходна постапка, по добиено позитивно мислење од обвинителството, го уважи предлогот на одбраната како основан. – Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З. М., опфатен во предметот во […]

Дваесет и осумгодишен жител на Џепчиште киднапиран, а потоа пуштен


Дваесет и осумгодишник од тетовското село Џепчиште во СВР Тетово пријавил дека под закана со оружје насилно бил внесен во возило, а за неколку минути подоцна бил пуштен. Настанот се случил вчера околу 20 часот кога излегол од угостителски објект во селото. – Откако насилно бил внесен во „голф 7“ со скопски регистерски ознаки во кое […]

Судот го одби барањето на обвинетите за запирање на постапката за „Титаник“


Со читање на предложените докази од СЈО, а сега преземени од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска продолжи судењето за предметот „Титаник“, кој се наоѓа во доказна постапка. Рочиштето почна со читање на 4.851 доказ од околу 5.900. Предметот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката […]

Катица Јанева донесена во Обвинителството со лисици на рацете


Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева денеска беше донесена во Обвинителството каде треба да даде исказ во врска со аферата „Рекет“. Јанева ја донесоа со полициско комбе, со лисици на рацете. Таа е во притвор повеќе од 30 дена, а се сомничи за злоупотреба на службената должност. Покрај неа, во притвор се уште двајца осомничени […]