Случајот со Асим Муса го истражува Обвинителството


По повлекувањето на Асим Муса од функцијата заменик министер за здравство, Основното јавно обвинителство во Струга отворило предмет за случајот, и во рамки на предистрагата со меѓунардона помош ќе се бараат оригиналните снимки на кои се гледа како министерот зема 50 евра.

Од Служба за односи со јавноста во Јавното обвинителство велат дека заминик министерот ќе биде повикан да даде исказ.

-Преку меѓународна правна помош од Република Албанија ќе биде побарано да се обезбеди оригиналот на објавената снимка, како и да се утврди кој го снимил и кој го објавил видеото. Дополнително, во Основното јавно обвинителство Струга ќе биде повикан да даде исказ и заменик министерот за здравство. Во текот на предистражната постапка, доколку се покаже дека е потребно, ќе бидат преземени и други дејствија со цел да се утврди евентуална кривична одговорност, информираат од Служба за односи со јавноста во Јавното обвинителство.

За објавената снимка Муса рече дека станува збор за стапица и медиумско дивеење со бомбастични наслови и дека не се точни наводите на прилогот.