(ВИДЕО) Заменик министерот за здравство снимен како зема мито


Заменик-министерот за здравство, Асим Муса е снимен како зема мито за операција на простата, објави вчера истражувачката емисија во Албанија „Фикс фаре“ што се емитува на Top Channel.

На објавената снимка новинарот се состанува со заменик-министерот, во улога на пациент кој треба да изврши операција на простата.

„Пациентот“ и заменик министерот се договараат за термин за операција која би требало да се изврши во просториите на Институтот за нефрологија во Струга, познат како Дијализа, а од договореното се заклучува дека операцијата треба да биде илјада евра, а Муса зема однапред 50 евра.