Некој го оштетил скопскиот Аквадукт


Непознат сторител извршил оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што биле оштетени 10 потпорни носечки столбови.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 11 часот во СВР Скопје, од страна на директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.