Македонци се тркале на автопат во Хрватска: Казната – две македонски плати

Хрватската полиција во неделата снимила трка на двајца македонски државјани Македонци на автопатот од Загреб кон Белград. Едниот со „порше“ возел преку 243 километри на час, а по него „бмв“ што се движело со брзина од 229 километри на час.

Четириесет и тригодишниот Македонец, кој го возел „поршето“ со швајцарски таблички, е казнет со 700 евра и еден месец забрана на возење.

Ден претходно, хрватската полиција фати германски државјанин што возел 215 километри на час.