Тешко повреден градежен работник во Гостивар


Фото: Б. Грданоски

Работник на возраст од 40 години од село Градец вчера бил донесен во болницата во Гостивар, откако се повредил додека извршувал градежни работи на куќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар и инспектор за труд и заштита при работа. Се работи на расчистување на случајот.