Кумановка ги принудила малолетните внуци да питачат


Кумановската полиција поднесе кривични пријави против 57-годишна кумановска која ги принудувала внуците да питачат.
Како што соопштуваат од СВР Куманово кривичната пријава е поднесена против 57-годишната Р.И. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, затоа што ги принудила своите малолетни внуци, на питачење.

 

Кумановската полиција поднесе  поднесе кривична пријва и против  50- годишниот Г.Д. од Куманово поради постоење основи на сомение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Пријавениот, на 1 октомври, годинава  во два наврата на ул.Никола Тесла” во Куманово со нож и други предмети упатувал закани кон Ѓ.А. и С.Д. и се обидел да ги повреди.