Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од валандовско


Ноќеска по полноќ, поточно во 00.10 часот на Граничниот премин „Табановце“, по добиени оперативни сознанија, било запрено товарно моторно возило „даф“, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан“, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, валандовско. Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија […]

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше сите списи од ТНТ да бидат преведени на албански


  Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ Елисавета Најдовска, Мерџан Даути, бидејќи со цел да ја одолговлечи постапката побарал да бидат преведени сите списи на албански јазик од 40-ина рочишта досега во предметот. Судијата Огнен Ставрев го исчита известувањето од Комората, […]

Нови рочишта за „Монструм“, „Маџар Телеком“ и „Т.Н.Т.“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Монструм“, „Маџар Телеком“ и „Т.Н.Т.“. Судењето за петкратното убиство кај Смилковското езеро „Монструм“ на Јавното обвинителство се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат дополнително предложени докази од обвинителството. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени […]

Малолетник нападнат од неколку лица со метален предмет


На 18.11.2019 околу 01.00 часот во СВР Скопје, М.Л.(34) од Скопје пријавил дека на 17.11.2019 околу 21.30 часот на бул.„Македонско – косовска бригада’’ неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица со метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во скопско


Велосипедист  бил тешко повреден во една од вкупно 11 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во пет сообраќајки со полесни повредни се здобиле пет лица, а во пет била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала еден возач кој се движел со брзина поголема од дозволената, а од […]

Десет лица приведени при контрола на седум угостителски објекти во Скопје


Десет лица се приведени вчера и денеска во периодот меѓу 23:00 до 04:00 часот во рамки на операцијата на СВР Скопје, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд во која беше извршена контрола во седум угостителски објекти во Скопје. При преземањето на мерките и активностите приведени се Д.В. (42) од […]

(ВИДЕО) Страшна снимка од несреќа во Словенија: Камион паднал од надвозник, возачот загина


Тешка сообраќајна несреќа во која загина 53-годишен унгарски возач се случи утринава на љубљанската обиколница пред тунелот Головец. Несреќата ја предизвикал возач на патнички автомобил кога загубил контрола и се судрил со приколката при претекнувањето на камионот. Камионот, заедно со возачот, падна преку заштитната ограда во провалија длабока околу 20 метри. Според првичните информации, кои […]

Стефанова не се согласува Камчев да добие пасош


Поранешната специјална обвинителка, Лиле Стефанова, не се согласува Орце Камчев да добие привремен документ со кој би патувал во странство поради бизнис средби, објави Алсат М. Обвинителството и официјално потврди дека за барањето до Кривичниот суд е препратено негативно мислење. Сега Судот треба да пресече дали ќе го земе предвид мислењето на Стефанова или основаноста […]

Таткото на Боки 13 призна вина за нападот врз свештеникот


Таткото на Боки 13, Миле Јовановски денеска во Кривичниот суд одговара за нападот врз свештеникот Виктор Стојчев. Јовановски пред судот призна дека е виновен. „Има многу големо сомневања кај мене дали сум виновен или не, но сепак го признавам делото“, рече Јовановски. Свештеникот Стојчев, пак, соопшти дека има оштетно побарување. Обвинителката во завршните зборови побара […]

Сопругата на Верушевски е обештетена со 17.000 евра за „Пуч“


Сопругата на Зоран Верушевски, Соња е обештетена со 17 илјади евра за 175 дена поминати во притвор за случајот „Пуч“, објави 360 Степени. Инаку, Верушевски, поранешниот разузнувач и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев доби отштета од над 2,5 милиони денари за „Пуч“. За потсетување, тој беше притворен веднаш по бомбите, со обвинувања […]

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово


Во понеделникот, во 15.40 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од село Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од село Градец, кривопаланечко. Во незгодата, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу […]

Му зел пари за мотокултиватор, а не му донесол ништо


  СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Б.Р.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „измама“, при што се стекнал со противправна имотна корист. Имено, Б.Р. кон крајот на септември годинава, со Б.С. од Скопје, со кого од порано се познавал, договориле цена за да […]

Таксист нападнал жена на бул „Борис Трајковски“


Во понеделникот утрото, околу 5.10 часот во СВР Скопје, Т.С.(41) од Скопје пријавила дека била физички нападната од таксист.   Имено, нападот се случил околу 4.45 часот на ул. „Борис Трајковски“, по претходна расправија, а таа рекла дека била физички нападната од едно лице кое управувало такси возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се фрлале предмети на спортски натпревари


На два одделни натпревари навивачи фрлале предмети кон судии и играчи, а има и повредени. Имено, во неделата, околу 15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на Спортско – рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, за време на одржување на спортски натпревар во рамките на втората фудбалска лига – Запад, М.С.(38) од Дебар го […]

Излетале од пат во скопско, повредени возачот и сопатникот


  Во неделата вечерта во 21.15 часот на локалниот пат село Барово – с.Света Петка, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(45) од село Света Петка, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Р.Р.(24) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ […]

Албанец баран од Интерпол фатен на „Блаце“


Во неделата, во 11.10 часот, на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Ф.К.(44) од Албанија. Имено, при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Ф.К. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Рочиштето за „Монструм“ одложено поради смртен случај во семејството на еден од поротниците


Еден поротник отсуствуваше од денешното рочиште за случајот „Монструм“, поради смртен случај на негов близок роднина. На денешното рочиште требаше да продолжи изведувањето на СМС пораки и транскрипти од прислушувани разговори, а поврзани со петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро. Наредното рочиште е закажано за 27 ноември. За петкратното убиство на 12 април […]

Ново рочиште за „Ласкарци“


Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, за што обвинети се шест лица. На минатото рочиште сведочеше жител на селото Ласкарци кој меѓу првите пристигнал на местото […]

Едно лице загина, а 26 се повредени викендов во Скопје


Едно лице на патничко моторно возило загина, пет се здобиле со тешки телесни повреди и 21 лесно повредени во 16 од вкупно 37 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 20 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, исклучени се 64 возачи кои […]

Автомобил излетал од пат и удрил во пешак и во кабина на автобуска постојка


Дваесет и двегодишен возач од Куманово, утрово излетал од булеварот „Октомвриска револуција“, удрил во пешак и во кабина од автобуска постојка, информираше денеска СВР Куманово. -Утрово во 06:15 часот  на  булeварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, 22-годишниот Ј.Ф. oд Куманово, управувајќи патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во кабина од автобуска постојка, а потоа и во […]