Тепачки низ Скопје


Во изминатото деноноќие двајца во Скопје се нападнати од насилници, при што во едниот случај дошло до недоразбирање околу сообраќајот.

Како што стои во полицискиот билтен, во саботата во 15 часот Б.Д.(27) од село пријавил дека околу 14.30 часот во истото село поради претходно недоразбирање и расправија околу сообраќај бил физички нападнат од непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.

Истиот ден во 13.15 часот Љ.М.(50) од Скопје, пријавил дека  на ул.“Лука Геров“ по претходна расправија бил физички нападнат од три непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.