Товарен воз се излизга од пругата меѓу Миравци и Клисура, нема повредени


Товарен воз што сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево, меѓу станиците Миравци и Клисура, утрово околу 6 часот и 40 минути се излизгал од шините откако претходно удрил во одрон од камења. Во незгодата нема повредени.

Од СВР Струмица потврдија дека поради незгодата железничкиот сообраќај е во прекин меѓу Гевгелија и Велес.

Полицијата врши увид на местото на несреќата