Почина затвореник во Идризово


Затвореник од затворот во Идризово, починал во понеделникот утрото, а телото е предадено на обдукција.

Според билтенот на МВР, во понеделникот, во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 9 часот истиот ден, во КПУ „Идризово“ бил пронајден починат затвореник С.П.(72) од Скопје, без траги на насилство.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.