Полицијата спречи свадба со 300 гости во Глумово


Пазарната инспекција и Министерството за внатрешни работи во заедничка акција синоќа во ресторан во Глумово затекнале околу 300 гости кои присуствувале на свадба, што е спротивно на здравствените протоколи за спречување на ширењето на Ковид-19. Според првичните информации, акцијата е спроведена пред 21 часот, а свадбата по упадот на полицијата е прекината. Повеќе детали се […]

Мартин Протуѓер позитивен на Ковид-19, рочиштето за ,,Титаник” одложено


Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, а сега обвинет во процесот ,,Титаник”, е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој случај. Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на корона вирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во […]

Обвинителството отвори истрага за плацевите на Водно, приведен кумот на Груевски


Полицијата денеска го приведе Ристо Новачевски, кој е кум на поранешниот премиер Никола Груевски кој и натаму е во бегство во Будимпешта. Тој е уапсен на барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поради спорните плацеви на Водно каде како купувачи се јавуваат сомнителни офшор компании. Една од компаниите во чија сопственост […]

Наместо да биде во изолација, се обидел да се качи на авион за Франкфурт


Со помош на системот РАВИО на Царинската управа денес бил спречен обид за патување на лице со активно решение за изолација, соопшти вечерва Царината на нејзиниот Фејсбук профил. Од таму објаснуваат дека на Меѓунаародниот аеродром Скопје од страна на аеродромските служби (Царинска управа, Гранична полиција, ТАВ) во соработка со Државниот здравствен и санитарен инспекторат – […]

(ВИДЕО) Првпат по 70 години во САД ќе биде егзекутирана жена


Во САД, првпат по 70 години, ќе биде егзекутирана жена, која е осудена на смрт на сојузно ниво, соопшти американското Министерство за правда. Пресудата ќе биде извршена на 8 декември. Осудената Лиза Монтомери е прогласена за виновна поради свирепото убиство на бремена жена во 2004 година. Егзекуцијата ќе биде извршена со смртоносна инјекција во американската […]

НБРМ со кривична против поранешни одговорни лица во Еуростандард за предизвикување стечај на банката


Народната банка информира дека до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје, сега во стечај. -Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни […]

Притвор за шест лица, расчистено убиството во Прилеп


Прилепската полиција поднесе кривична пријава против шест лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, извршено на 14-ти овој месец на ул. „Дебарца“. – Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ОВР Прилеп на 15.10.2020 поднесе кривична пријава против Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А. (26), Џ.Л. (54), С.А. (23) поради основано сомнение дека […]

Приведени албански државјани, поради злоупотреба на туристички престој


Тројца албански државјани ќе бидат депортирани во матичната земја, откако биле приведени под сомнение дека работеле на гостиварското подрачје, а имале дозволи само за туристички престој. Во изминатиов период тие биле ангажирани за изведување градежни работи во мавровскиот крај. Според СВР Тетово, вчера  околу  13 часот и 45 минути, во Маврово, полициски службеници на Одделение […]

Сведок во „Монструм’’: Земјата од возилото на Смилковско Езеро не е вештачена


Вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и од возилото „Опел Омега” најдено во местото Враживир, непосредно по петкратното убиство и денеска беше тема во рочиштето за случајот „Монструм”. Според вештакот Весна Антиќ, кој во 2012 година бил главен инспектор за хемиско испитување при МВР, за овој случај не било направено вештачење, туку само анализа каде […]

Се одложуваат се повеќе судења поради Ковид 19


Корона вирусот денеска одложи две судски рочишта поради тоа што обвинетите се или во изолација, или имаат позитивен тест за Ковид-19. Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и ексминистерот Спиро Ристовски имаат решенија за изолација, и тоа беше причината денеска да се одложи судското рочиште за предметот познат во јавноста како „Организаторите на 27 април“. […]

„Таргет-Тврдина” одложено за 3 ноември зашто Мијалков има Ковид-19


  Судењето за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” се одложува за 3 ноември, поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, кој е позитивен на корона вирус. Судот информираше дека, според доставениот допис, обвинетиот 10 до 15 дена нема да може да се појави на судско рочиште. На рочиштето пред два дена, кое, исто така, се одложи, […]

Полицијата спречи нелегален влез на 252 мигранти


Во рамки на оперативната акција „Рефлекс“, полициски службеници од повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спречија влез на 252 лица-мигранти долж граничната линија со Грција, Бугарија и Србија и внатре, на територија на Република Северна Македонија. Во денешното соопштение од МВР се потсетува и на вчерашниот ден кога […]

Две лица обвинети за узурпација на локација прогласена за споменик на природата во Матка


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „узурпација на недвижности“. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец, кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум  со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис прогласена за споменик […]

Казнети 617 лица за неносење заштитна маска


МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, биле регистрирани 617 прекршоци. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Татко и син шверцувале мигранти од Грција за 700 евра


Утрово, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, во координација со јавен обвинител од ОЈО за Гонење на организиран […]

Ни казните не помагаат, во еден ден 467 возачи направиле прекршоци во Скопје


МВР во текот на вчерашниот ден (14. октомври) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје, сообраќајната полиција изречекла вкупно 467 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола за 60 лица, 101 прекршок за пречекорување на дозволената брзина на движење, 63 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 74 […]

Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”


Во Апелациониот суд во Скопје, денеска ќе се одржи јавна седница за случајот „Саздовски”. Предметот во овој суд е по однос на жалбите поднесени од одбраната на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, кој во април 2019 беа осудени од Кривичниот суд Скопје, со по 19 години затвор за смртта на Никола Саздовски. На ова […]

Во сообраќајката на „Рузвелтова“ загина млад доктор кој работеше во Ковид центарот во Козле


Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“. Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот. – Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ […]

(Фото) Сообраќајка кај „Сити мол“, се судрија две возила


Попладнево се случи сообраќајна несреќа во близина на „Сити мол“, при што две возила се судрија на влезот во подземниот паркинг, од страната на Комерцијална банка. Како што може да се види од фотографиите, браникот и фарот на едното возилото се целосно паднати. Полицијата во моментот врши увид. Не е познато дали има жртви или […]

Одложен процесот „Таргет-Тврдина“ – Мијалков има симптоми на Ковид-19


Судењето за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” се одложува за 16 октомври, поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, кој во вчерашниот ден развил симптоми на коронавирус – покачена температура и кашлица, откако неговата сопруга била позитивна на Ковид-19. Неговиот бранител, адвокат Љупчо Шврговски, го извести судот дека Сашо Мијалков во текот на денешниот ден ќе […]