Казнети 617 лица за неносење заштитна маска


Фото: Б. Грданоски

МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, биле регистрирани 617 прекршоци.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.