Во сообраќајка загина тракторист
Во средата, во 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило и трактор, при што загина 48-годишен тракторист. Имено се судриле „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.Ќ.(56) од село Г.Лакочереј, охридско, и трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од село Велешта, Струшко. Во незгодата М.Ф. се …