Татко со чекан го тепал синот по глава


Фото: Б. Грданоски

Маж од Трубарево е во притвор откако претходно со чекан го удирал својот син по главата, а тој завршил во болница.

Како што соопшти полицијата, во четвртокот, во СВР Скопје било пријавено дека околу 22 часот во село Трубарево, Скопско, Р.Б.(72) во семејниот дом со чекан го нападнал неговиот син Ј.Б.(46) и му нанел повреда на главата.

Ј.Б. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош.

Р.Б. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.