Солзавци и шок бомби украдени од магацин на полицијата во Охрид


Солзавци, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид. Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна. – Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин […]

Кривичен суд – Скопје: Пресудата за сообраќајката кај „Сити мол” заснована врз постоечките законски одредби


Претседателот на судечкиот совет во случајот за сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата, велат од Основниот Кривичен […]

Рочиште за оштетното побарување на Oрце Камчев од Бојан Јовановски и Катица Јанева


Во Основниот граѓански суд – Скопје денеска се одржа рочиште за тужбата за оштетното побарување на бизнисменот Орце Камчев од обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева во случајот „Рекет“. На денешното рочиште, тужителот Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, кој, покрај Јовановски и Јанева, беше еден од тужените од кои Камчев претходно бараше да […]

Нов пожар во кругот на „Треска“


Нов пожар утринава избувнал во објектите на поранешната фабрика „Треска“, односно во близина има продавница за бои и лакови, каде се појавил пожарот. Пожарникарите кои останале во текот на ноќта на лице место, рано утринава забележале дека има нови пламени, па веднаш интервениралеи пожарот веднаш е локализиран. Командирот на протипожарната бригада, Ѕвонко Томевски потврдува дека […]

Во Кавадарци се преврте возило по удар во други две паркирани


Патничко моторно возило се превртело синоќа по удар во две паркирани возила во Кавадарци. Оваа информација ја потврдија утрово за МИА од СВР Велес. – Синоќа во 22.50 часот случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка Ауди со кавадаречки регистарски ознаки сопственост и управуван од Т.О (25) од Кавадарци, удрил во две паркирани […]

ЈО ја обжали пресудата за тешката сообраќајна несреќа кај „Сити Мол“


 Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, незадоволен од висината на изречената кривична санкција, денеска вложи жалба против првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за сообраќајната несреќа што се случи на 20.01.2021 година, во близина на трговски центар „Сити мол“ во Карпош. Имено, со пресудата врз основа на признание на вина, на 11.04.2022 […]

Приведени три лица осомничени за кражба во село Криволак


Полициски службеници од ОВР Неготино денеска ги лишиле од слобода А.М(21), Н.Н(18) и А.П(21), сите од Неготино, осомничени дека извршиле кривично дело „кражба“, при што одзеле повеќе предмети од правно лице во село Криволак. Од МВР информираа дека лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена […]

Уапсен началникот што барал мито на Блаце


Заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши за ТВ21 потврди дека е уапсен началникот на смената на преминот Блаце, кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патниците кои влегуваат во Македонија. „Внатрешната контрола веднаш по добивањето на веста го уапсила“, потврди заменик министерот. Се дознава дека првопријавениот е Е.Ш од Скопје, […]

Пронајдени оружје и муниција при претрес во скопско Љубанци


Министерството за внатрешни работи соопшти дека Д.К. (75) од селото Љубанци е лишен од слобода откако се пронајдени оружје и муниција при претрес во неговиот дом по наредба на Основен кривичен суд Скопје. – При претресот се пронајдени еден револвер „Застава“, еден револвер “Ekol viper”, еден сигнален пиштол, три рамки за муниција, две цевки – […]

Жител на кумановско село измамен за 500 евра


 Жител на кумановско село бил измамен за 500 евра, соопшти денеска полицијата. Измамникот му понудил да му размени 500 евра и му дал фалсификувана банкнота.   – Вчера во 21:00 часот во СВР Куманово, 21-годишен маж од кумановско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, лицето му понудило да му размени […]

Приведен првоосомничениот за убиството на ракометарот Тот


Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека е приведен осомничениот А.Ѓ. по кого се трагаше за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Осомничениот е приведен на територија на Скопје. За него, како што информира МВР, веќе е донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена. – Министерството за внатрешни работи утринава го извести […]

Меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството на ракометарот Денис Тот


Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница по лицето Анџело Ѓорѓиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица „9“ бр.5, во село Волково. Тој се бара по Наредба  КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од […]

Кривичниот совет го потврди притворот на Зеќири


Кривичниот совет го потврди решението на судијата на претходна постапка со што поранешениот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири останува во притвор во Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. – Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот М.З. во однос на решението на судија на претходна постапка, […]

Поведена истрага за изнуда во Скопје – за 700 евра му барал 7.000


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „изнуда“. Како што посочија од Јавното обвинителство, осомничениот 43-годишник, во периодот од октомври 2021 година до 11 април 2022 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со сериозна закана присилил […]

На 27 април продолжува судењето за „Софтвери”, денеска Обвинителството изведуваше докази


Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски. На денешната расправа беа изведени докази од страна на Обвинителството кои се однесуваат на пораки помеѓу обвинетите во овој случај, кои се товарат […]

Приведена малолетничка која со остар предмет се обидела да ја нападне мајка си


Тетовските полицајци вчера привеле малолетничка која претходно сакала со нож да ја нападне сопствената мајка но била спречена во намерата. При приведувањето биле повикани претставници на стручни служби поради возраста на девојчето. – Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 16:30 часот, во присуство на социјален работник и адвокат за малолетници, лишиле од слобода малолетничка […]

Две починати лица пронајдени во Охрид


Во два одделни случаи полицијата пронајде тела на починати мажи во Охрид, во понеделникот. Имено, вчера во СВР Охрид пријавено е дека во поранешен ресторан на улицата „Партизанска“ во Охрид пронајден е починат М.Ј.(59) од селото Липец, општина Виница, со престој во Охрид, информираат од СВР Охрид. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без […]

Казнети 108 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин


Казнети се 108 возачи кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи, во текот на вчерашниот ден во периодот од 8 до 13 часот на територијата на Република Северна Македонија. Во рамки на спроведената засилена акциска контрола, информираат од МВР, од 108 казнети возачи, 35 се на територија […]

Судењето за случајот „Софтвери” продолжува утре


 Судењето за случајот „Софтвери” во кое првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски, продолжува утре откако денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје обвинителството продолжи со изведување на докази. На денешната расправа беа изведени докази од Обвинителството кои се однесуваат на разменети пораки помеѓу обвинетите во случајот, како и […]

Повредени двајца рудари во Пробиштип


Двајца рудари се повредени додека биле на своите работните места во рудник во Пробиштип. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение информира дека синоќа во 20.10 и во 20.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош биле донесени 54 годишниот Б.П. од […]