Воз удри во автомобил кај Прилеп, повредените одбиле помош


Фото: Б. Грданоски

МВР информира дека за тежок судир меѓу воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола и патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки.

Според полицискиот билтен, вчера во 17. 40 часот непосредно до железничко стојалиште „Тројкрсти” – Прилеп, возот удрил во автомобилот, при што со повредиле се здобиле П.Б.(48) од Прилеп и совозачот Д.Б.(75) исто од Прилеп.

Двајцата одбиле да им биде укажана медицинска помош.