Загина пешак кај општина Ѓорче Петров


Едно лице загина кај општина Ѓорче Петров откако синоќа во него удрил автомобил, соопштија од МВР за МИА.

– Пријавено е дека кај Општина Ѓорче Петров, патничко моторно возило „Ауди“ удрило пешак. Пешакот починал, соопштија од МВР.

-На 25.05.2022 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Никола Пушкаров“ во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(58) од с.Сарај, удрило во пешакот С.Р.(65) од с.Грчец, општина Сарај, соопшти МВР. 

На местото на несреќата починал пешакот С.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.