Малолетник настрадал во сообраќајна незгода, потоа го претепале


Полицијата информираше дека утрово во 01.50 часот во Полициска станица Гази Баба В.Ј.(44) од Скопје пријавил дека на 21.05.2022 околу 22.00 часот пред банка на подрачје на Гази Баба неговиот син  бил удрен со возило и потоа физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.