Приведени четворица крадци, фатени на дело во круг на фабрика


Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба вчера во 11.30 часот во круг на фабрика ги лишиле од слобода С.И.(27), А.М.(28), С.А.(32), сите од Скопско и Џ.К.(43) од Куманово кои биле затекнати при извршување кривично дело „кражба“. -Украдените предмети се пронајдени во патничкото возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, со кое ја извршиле кражбата и се …

Приведени четворица крадци, фатени на дело во круг на фабрика Read More »

Изгоре куќа во Скопје, сопствениците се сомневаат дека пожарот е подметнат


Куќа на ул. „1737“ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3.20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека …

Изгоре куќа во Скопје, сопствениците се сомневаат дека пожарот е подметнат Read More »

Tри години од трагедијата кај Ласкарци


На годишнината од трагедијата во која животите ги загубија 16 лица од селото Ласкарци, општинска делегација ќе го посети местото на каде што се случи сообраќајната несреќа и ќе се организира комеморативен собир. Од локалната самоуправа информираа дека градоначалникот во Арбен Таравари во 13:30 часот ќе положи цвеќе на местото на трагедијата на локалниот пат …

Tри години од трагедијата кај Ласкарци Read More »

Затворени четири угостителски објекти во тетовско, затекнати 27 лица без Ковид-сертификат


Привремено се затворени четири угостителски објекти вчера во Тетово и околни населени места во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, кои извршиле инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на тетовско. Од МВР соопштија дека објектите се запечатени со пломби од Инспекторатот, а …

Затворени четири угостителски објекти во тетовско, затекнати 27 лица без Ковид-сертификат Read More »

По пет дена пронајдени двајца исчезнати тинејџери


  Во петокот, во 15.50 часот од полициски службеници од СВР Скопје на автобуска постојка во село Сушица пронајдени се Б.С.(15) од с.Марино и Д.Т.(15) од с.Мралино, за кои на 07.02., односно на 09.02. било пријавено дека се оддалечиле од дома. Лицата се предадени на родителите.

Жител на село Новак превезувал патници без соодветна документација


Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај- Дебар, продолжуваат со акциските контроли во сообраќајот со цел зголемување на степенот на сообраќајната безбедност. Во тие рамки, според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи, вчера е констатирано дека едно лице вршело превоз на патници без соодветна документација а шест возачи извршиле престигнување …

Жител на село Новак превезувал патници без соодветна документација Read More »

Скопјанец пронајден починат во станот


Скопјанец на возраст од 48 години вчера e пронајден починат во неговиот дом во Драчево. Човекот е пронајден во стан на улицата Китка. Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

За убиецот на Азем Хајдари, симболот на албанската демократија, 21 година затвор


По повеќе од 24 години од убиството на Азем Хајдари, од Демократската партија, кој го носи епитетот симбол на демократијата во Албанија, на неговиот егзекутор Изет Хаџија, денеска, судот во Тирана му изрече казна затвор во траење од 21 година. Убиството се случи на 12 септември 1998 година, пред седиштето на партијата, кога Хајдари, кој …

За убиецот на Азем Хајдари, симболот на албанската демократија, 21 година затвор Read More »

Во акција на македонската и бугарската полиција откриена импровизирана лабараторија за синтетички дроги


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка и меѓународна полициска истрага насочена кон организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани, заедно со Одделот за борба против организиран криминал на Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна …

Во акција на македонската и бугарската полиција откриена импровизирана лабараторија за синтетички дроги Read More »

Пресуда за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“ на 28 февруари


Пресудата за дел од обвинетите во случајот „Титаник“ кои признаа вина е закажана за 28 февруари. Во своите завршните зборови во Основниот Кривичен суд – Скопје, одбраната на обвинетите денеска побара од судот да ги има предвид сите олеснителни околности, особено доблеста што ја признаа вината за сторените дејствија. Претходно, обвинителката Лиле Стефанова пред судот …

Пресуда за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“ на 28 февруари Read More »

Судијката Гаврилова-Ефтимова донесе лап-топ за да ги отвори „ватс-ап“ пораките на Боки


Судијката Софче Гаврилова Ефремова имаше остра комуникација со Бојан Јовановски и со неговиот бранител Сашо Дукоски. Причина е неговиот мобилен телефон и „ватс-ап“ комуникацијата која ја имало внатре. Телефонот на Боки е одземен уште за време на случајот „Рекет“.   Одбраната тврдеше дека вештакот што тие го ангажирале не можел да го отвори телефонот и …

Судијката Гаврилова-Ефтимова донесе лап-топ за да ги отвори „ватс-ап“ пораките на Боки Read More »

Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште


 Пресуда од четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга. Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на …

Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште Read More »

Судењето за „Топлик“ одложено за 16 февруари


Судењето за „Топлик“ се одложува за 16 февруари поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на Ковид-19. На денешната расправа, како што беше најавено, Обвинителството требаше да почне со давање на завршни зборови. Судијата Осман Шабани, на почетокот на денешното рочиште информираше дека од адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на …

Судењето за „Топлик“ одложено за 16 февруари Read More »

Двајца струмичани пренесувале 44 грама марихуана од Ресен во Битола


 Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Струмица, кои пренесувале марихуана на патот Ресен-Битола. Тие се осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, …

Двајца струмичани пренесувале 44 грама марихуана од Ресен во Битола Read More »

На Блаце запленети пет килограми златен накит во вредност од 156 000 евра


На граничниот премин Блаце вчера во патничко моторно возило пријавено за излез од државата мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Царинска управа, спречиле обид за криумчарење на пет килограми златен накит. – На 8 февруари 2022 година, на излез од државата, на граничниот премин Блаце, во попладневните часови за царинска контрола се пријавило …

На Блаце запленети пет килограми златен накит во вредност од 156 000 евра Read More »

Во две големи акции МВР вчера заплени заплени 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра


 Запленета е еден тон и 600 килограми наркотична дрога во вредност од три милиони и 200 илјади евра, во текот на вчерашниот ден во две големи акции на МВР за сузбивање на шверц со дрога, на две различни локации во државата, на подрачјата на СВР Струмица и на СВР Битола – ОВР Ресен. Како што …

Во две големи акции МВР вчера заплени заплени 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра Read More »

Спиро Ристовски излегува од куќен притвор


Спиро Ристовски, осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје,за случајот „Организатори на 27 април”, излегува од куќен притвор. Според последната одлука на Кривичниот совет, на осудениот Ристовски му е прифатен гаранцијата од недвижен имот и од кога истата ќе биде впишана во катастар ќе стапи во сила одлуката за укинување …

Спиро Ристовски излегува од куќен притвор Read More »

Кривична пријава против две лица од Пакистан за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“


Во понеделникот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.J.(33) и Р.З.(21), двајцата од Пакистан, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик. На 06.02.2022 во место викано „Свињарска …

Кривична пријава против две лица од Пакистан за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ Read More »

Пронајдени оружје и муниција при претрес во скопско Љубанци


При претрес во дом на 62-годишен жител на скопско Љубанци полицијата денеска пронајде и одзеде повеќе парчиња оружје и муниција. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од …

Пронајдени оружје и муниција при претрес во скопско Љубанци Read More »

Верижен судир на неколку возила пред Влада


Вечерва се случи сообраќајна несреќа на Илинденска ББ, пред Влада.Станува збор за верижен судар на неколку возила, се спомнуваат и министерски. Повредени нема, но повикана била и Брза Помош. Се уште нема официјална потврда за сообраќајката од МВР.