Приведени четворица крадци, фатени на дело во круг на фабрика


Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба вчера во 11.30 часот во круг на фабрика ги лишиле од слобода С.И.(27), А.М.(28), С.А.(32), сите од Скопско и Џ.К.(43) од Куманово кои биле затекнати при извршување кривично дело „кражба“.

-Украдените предмети се пронајдени во патничкото возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, со кое ја извршиле кражбата и се вратени на сопственикот. Тие се приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти Министерство за внатрешни работи.