Утврдени неправилности во правен субјект за одгледување канабис за медицински цели од кумановско


  Полицијата во соработка со претставници на други надлежни институции денеска изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане и при контролата биле констатирано поголем број неправилности, поради кои се најавува и кривична пријава за одговорните лица, како и за самиот правен субјект. […]

Во Кондово залутан куршум повреди момче, а во Љубин оштети шофершајбна


  МВР соопшти дека вчера се забележани два инцидента од залутани куршуми – едниот во Кондово каде е повредено момче, а другиот во село Љубин каде е оштетена шофершајбна на возило „шкода октавија“. -На 16.08.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреда бил […]

Обвинителството отвори истрага и бара притвор за скопјанката која грабна бебе во ГТЦ Скопје


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна скопјанка осомничена за кривично дело – „грабнување“ и доставил предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје. -На 16 август, во сутеренскиот дел на Градскиот трговски центар – Скопје, осомничената извршила грабнување на […]

На патот за Центар Жупа се запали автомобил во движење, нема повредени


  На патниот правец Дебар – Центар Жупа, од се уште непознати причини на десеттина километри од Дебар се запалил автомобил во движење, но за среќа нема повредени. – Вчера во Одделението за внатрешни работи – Дебар е пријавено дека настанал пожар во патнички автомобил „сеат ибица,“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на С.С. од […]

Во Битола запленета дрога во вредност од околу 800.000 евра, приведени пет лица


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со тимови од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола, вчера лишиле од слобода пет лица, а заплениле дрога во вкупна проценета вредност од […]

Драма во Скопје: Одземала бебе оставено пред маркет во ГТЦ, полицијата ја пронашла во Ѓорче Петров


Полициски службеници од СВР Скопје денеска ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Како што сооопшти МВР, детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. […]

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија


Основниот суд во Тетово денеска соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија, кој во наредниот период по разгледување на обвинителниот предлог треба да ја закаже главната расправа. Предметот е распределен согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС). -Предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од […]

Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието


  Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава. Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната […]

Тешко повредена 23 годишна девојка-пешак во која удрило возило „БМВ“


Тетовската полиција информира дека ноќеска тешко е повредна 23 годишно женско лице откако во неа удрило патничко моторно возило. Настанот се случил околу 21 часот и 50 минути на булеварот „Видое Смилевски-Бато“. -Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино.Во […]

Во Скопје 164 казнети возачи, 94 за брзо возење


  На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.   Како што информира Министерството за внатрешни работи, во акциските контроли во […]

Контроли во угостителски објекти во Битола – приведени 10 лица, пронајдени дрога и оружје


Полициските службеници од СВР Битола, заедно со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за специјални полициски операции синоќа извршија акциска контрола во угостителски објект на улицата „Македонска Фаланга” во Битола, при што констатирале повеќе прекршоци. Како што соопштија од МВР, при контролата констатирани се прекршоци од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, Законот за лична карта, Законот […]

Уапсен жител на Василево, се сомничи за обљуба врз малолетничка од Радовиш


Полицијата вчера го лишила од слобода С.И. (21) од село Василево, струмичко. Тој е осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка од Радовиш. Според соопштението на СВР Струмица, лицето било задржано во Полициската станица во Струмица, а за настанот бил запознаен и јавен обвинител од ОЈО Струмица. Во соопштението се додава дека во текот на денешниот […]

Жан Митрев на распит во Обвинителството


 Жан Митрев денеска бил повикан на распит во скопското обвинителство, по предметот кој беше отворен по сторијата на ИРЛ за лекување на ковид пациенти со хемофилтрација.   -Точно е дека лицето е повикано на распит во обвинителството за одредени околности за предметот кој беше отворен во обвинителството по допрен глас. Распитот го води обвинителката која […]

Под закана со пиштол од струмичанец изнудиле 20.000 евра


Од страна на СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Имено, на 09.08 […]

Повредени се 35 мигранти во синоќешната сообраќајка на патот Гевгелија – Демир Капија


Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот. Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, еден од мигрантите е со потешки […]

Со запалка ја палел сувата трева, полицијата го приведе


Службеници од Полициската станица Драчево синоќа во 19:20 часот го лишиле од слобода Ф.С. (59) од скопското село Долно Количани, бидејќи предизвикал пожар на отворен простор. – Постапувајќи по пријава од 09.08.2022 во 11:55 часот, според која покрај патот кој води за село Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „Шкода Фелиција“ со […]

Камион се преврте кај Марвинци, повредени поголем број мигранти


Сообраќајка се случила вечерва на патот Удово-Гевгелија, според првичните информации на МИА, повредени се мигранти. -Добивме повик за повредени поголем број на мигранти, 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, околу педесетина биле, такви ни се првичните информации, рекоа од Брза помош Кавадарци. Кавадаречката итна медицинска помош била повикана да интервенира и да прифати дел […]

Навивачи на ФК Шкупи претепале осум Швеѓани кај Бит Пазар


Навивачи на ФК Шкупи претепале Швеѓани кај Бит Пазар.  Во Полициска станица Бит Пазар вчера  околу 18.45 часот е пријавено дека во близина на плоштадот на подрачјето на Бит Пазар група лица-навивачи на ФК Шкупи физички нападнале осум државјани на Шведска кои во Скопје дошле поради натпревар кој треба да се одигра на 11.08 помеѓу ФК Шкендија […]

Кај Железничката станицата Зелениково пронајден човечки труп


Кај  Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, вчера бил пронајден човечки труп. -Вчера во 9:42 часот во СВР Скопје, Т.Г., вработен во Македонски железници, пријавил дека на еден километар по Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, пронашол човечки труп, се наведува во полицискиот билтен. По […]

Човечки труп пронајден по течението на Треска


Во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, вчера околу 14 часот пронајден е човечки труп, информира СВР Охрид. Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.