Ограбено малолетно дете во паркот „Жена борец“ во Скопје


Фото: Б. Грданоски

На малолетно дете му било одземен личен предмет со закана, во паркот „Жена Борец“, во Скопје.

Случајот го пријавил неговиот татко, информираат од МВР.

-На 06.11.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Центар, Е.К. од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на ул.„11-ти Октомври“, во парк „Жена Борец“, едно лице со закана одзело личен предмет од неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.