Пожарот во поранешниот „Технометал- Вардар“ изгаснат, причините се утврдуваат


Изгаснат е пожарот што вечерва изби во поранешната зграда на „Технометал“ што се наоѓа во центарот на Скопје, на улица Македонија.

 

Пожарот го гаснеа едно возило и пет пожарникари, а зафатени биле две простории. 

Според информациите, зградата била напуштена, а дополнително ќе се утврдуваат причините за избувнувањето на огнот.

Зградата на „Технометал-Вардар“ ја купи фирмата „Буши фешн“, која планира да направи хотел. Просторот околу зградата е затрупан во ѓубре и градежен шут.