Судијката Гаврилова-Ефтимова донесе лап-топ за да ги отвори „ватс-ап“ пораките на Боки


Фото: Б. Грданоски - Илустрација

Судијката Софче Гаврилова Ефремова имаше остра комуникација со Бојан Јовановски и со неговиот бранител Сашо Дукоски. Причина е неговиот мобилен телефон и „ватс-ап“ комуникацијата која ја имало внатре. Телефонот на Боки е одземен уште за време на случајот „Рекет“.

 

Одбраната тврдеше дека вештакот што тие го ангажирале не можел да го отвори телефонот и оти за тоа требало посебна програма, која ја имале само во МВР.
Судијката го тврди спротивното и дека се отвора со еден „клик“. Затоа нареди во судница да биде донесен хард-дискот од компјутерот и експерт тоа да го презентира.

Ефремова уште рече и дека не дека сакала за сведок да биде повикан поранешниот премиер Зоран Заев, но дека одбраната не се сложила на тоа пред да бидат презентирани пораките.