Трет ден се трага по 10-годишниот Петар од Мариово


  И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово, пренесе МИА. Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата. Пределот се пребаруваше до доцна …

Трет ден се трага по 10-годишниот Петар од Мариово Read More »

Пијани малолетници, лажен сертификат, гости без сертификати во Тетово


Во текот на изминатата вечер полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти и едно казино во Тетово. Притоа, како што соопшти МВР, затекнати се 11 малолетници во угостителски објекти по 24 …

Пијани малолетници, лажен сертификат, гости без сертификати во Тетово Read More »

Тетовчанец се заканувал на семејство, па предизвикал пожар


Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Теново за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност според член 292 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а …

Тетовчанец се заканувал на семејство, па предизвикал пожар Read More »

Приведени двајца измамници, пронајден златен накит


 Полицијата вчера приведе две лица од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавените на оштетениот му понудиле сет тенџериња, а за возврат му зеле поголема количина на златен накит во вредност од околу 120.000 денари. – На 25 февруари 2022 во 17.20 часот на улица „Востаничка“ од полициски службеници од …

Приведени двајца измамници, пронајден златен накит Read More »

Внатрешна контрола при МВР поднесе две кривични пријави за злоупотреба на службената должност


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Х.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик и против Д.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело …

Внатрешна контрола при МВР поднесе две кривични пријави за злоупотреба на службената должност Read More »

Делумно прифатени дополнителните докази во „Меѓународен сојуз”


 Судечкиот совет во случајот „Меѓународен сојуз” делумно ги прифати предлозите на странките за дополнение на доказна постапка. Обвинителството во ова фаза побара од судот да не ги прифати предлозите на обвинетите со образложение дека истите претходно се апсолвирани. Обвинетата Фросина Ременски на претходното рочиште предложи нови материјални докази кои таа ги надоврзува со, според неа, …

Делумно прифатени дополнителните докази во „Меѓународен сојуз” Read More »

Загина малолетник кој паднал од четирицикл во Струмичко


Тројца малелетници во Струмичко се возеле со четирицикл, ппри што едниот паднал и загинал.  Во средата, во 22.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат с.Иловица – с.Турново, струмичко, малолетник од с.Иловица, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, на кој се превезувале уште двајца малолетници од истото село, изгубил контрола, при што еден …

Загина малолетник кој паднал од четирицикл во Струмичко Read More »

Го фатиле како краде – ги нападнал полицајците со нож


Во средата,  полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Р.М. од Дебар. Тој бил затекнат при обид за кражба од деловен објект во Дебар. При приведувањето се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства и се обидел да ги нападне со остар предмет. По документирање на случјот против него ќе бидат …

Го фатиле како краде – ги нападнал полицајците со нож Read More »

Пронајден мртов маж во возило во Велес


Во Велес утринава е пронајден мртов маж во возило. Брзата помош констатирала смрт, а увид извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител од ОЈО Велес.  – Денес во 9:10 часот на улицата „4- ти јули“ наспроти местото викано „Авона“ во Велес бил пронајден мртов маж. Била повикана Брза помош која утврдила смрт кај лицето В.Т. Екипата …

Пронајден мртов маж во возило во Велес Read More »

Судење „Плацови на Водно”: Сослушани Софија Куновска, Дејан Митревски – Урко, Ивона Талевска


  Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Плацови на Водно”. Прва беше сослушана актерката Софија Куновска, која рече дека во 2012 година била член на Совет на Град Скопје од советничката група на СДСМ, каде иако гласале против предложениот ГУП на Градот Скопје …

Судење „Плацови на Водно”: Сослушани Софија Куновска, Дејан Митревски – Урко, Ивона Талевска Read More »

Фатен крадец кој се обиде да ограби аптека


Во вторникот, во 21.40 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 21.15 часот во аптека на бул.„Борис Трајковски“ со употреба на сила кон вработената се обидел да одземе пари од дневниот промет. Ф.М. бил приведен во полициска станица и …

Фатен крадец кој се обиде да ограби аптека Read More »

Убиениот битолчанец во 2018 бил кривично гонет за семејно насилство врз сопругата


  БИТОЛА – Битолчанецот Стојанче Соколов (44), кој вчера беше убиен од дедото при обид да изврши насилство со мачета врз својата поранешна сопруга и во 2018 бил кривично гонет за семејно насилство врз сопругата. Според податоците од СВР Битола тој пред 3 години ѝ нанел телесна повреди на својата сопруга по што таа го …

Убиениот битолчанец во 2018 бил кривично гонет за семејно насилство врз сопругата Read More »

Истрага за убиство во Битола, побаран притвор за осомничениот


 Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.   -Осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг …

Истрага за убиство во Битола, побаран притвор за осомничениот Read More »

Членовите на Комисијата за јавни наддавања не сториле кривично дело, смета одбраната во случајот „Топлик“


Од изведените материјални и вербални докази предложени од јавниот обвинител во текот на главната расправа со сигурност не се утврди дека обвинетиот Томе Ѓурчиловски и останатите обвинети го сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, изјави денеска бранителот на обвинетиот Ѓурчиловски, адвокат Часлав Станоевиќ, во своите завршни зборови во случајот „Топлик“. Адвокатот Станоевиќ …

Членовите на Комисијата за јавни наддавања не сториле кривично дело, смета одбраната во случајот „Топлик“ Read More »

Казнето лице за лажно сведочење – лажел дека му вршат изнуда


Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 44 години за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 19.10.2021 година, дал лажен исказ пред судот, јавувајќи се во својство на сведок-оштетен на …

Казнето лице за лажно сведочење – лажел дека му вршат изнуда Read More »

Српската царина спречи шверц на златен накит кај македонски државјанин


Српските царински службеници на граничниот премин Батровци со Хрватска, спречија обид за шверц на 716 грама златен накит што македонски државајнин се обидел да го пренесе преку границата во својот багаж, јави дописникот на МИА од Белград. Златниот накит бил откриен во саботата, на 21 февруари кога на влезот на граничниот премин Батровци меѓу Хрватска …

Српската царина спречи шверц на златен накит кај македонски државјанин Read More »

Битола: Дедо го убил поранешниот зет бранејќи ја својата ќерка


  Убиство ја потресе утрово Битола кога татко бранејќи ја својата ќерка од насилството на поранешниот сопруг го застрелал зетот. Убиениот рано утрото упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и и  се заканувал  држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал …

Битола: Дедо го убил поранешниот зет бранејќи ја својата ќерка Read More »

Охриѓанец загина во сообраќајна несреќа кај село Подмолје


Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што ноќеска половина час после полноќ се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на село Подмолје. До несреќата дошло при судар на две патнички моторни возила со охридски регистерски таблички, и тоа „aуди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта и „фолксваген поло“, управувано од …

Охриѓанец загина во сообраќајна несреќа кај село Подмолје Read More »

Пронајдена дрога и ножеви во угостителски објекти во Скопје, приведени седуммина


Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност викендов извршија контроли во 18 угостителски објекти. Притоа приведени се три лица, кај кои е пронајдена прашкаста материја и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.   Како што соопшти МВР, четири …

Пронајдена дрога и ножеви во угостителски објекти во Скопје, приведени седуммина Read More »

Скопјанец починал од струен удар


Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на делот од пругата меѓу железничките станици Драчево и Лисиче, едно лице починало при повреда од струен удар. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за лицето С.Ц.(72) од Скопје, кој со трска за риболов ги допрел жиците. Како што информираат од МВР, екипа од …

Скопјанец починал од струен удар Read More »