Го фатиле како краде – ги нападнал полицајците со нож


Во средата,  полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Р.М. од Дебар. Тој бил затекнат при обид за кражба од деловен објект во Дебар.

При приведувањето се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства и се обидел да ги нападне со остар предмет.

По документирање на случјот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.