Казнето лице за лажно сведочење – лажел дека му вршат изнуда


Depressed man

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 44 години за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 19.10.2021 година, дал лажен исказ пред судот, јавувајќи се во својство на сведок-оштетен на главна расправа во постапка по поднесено обвинение за кривични дела Лихварство и Изнуда. Притоа тој ги негирал наводите од записникот за поднесена пријава, врз основа на која било поднесено обвинението против лицето осомничено за овие две кривични дела, соопшти Jавното обвинителство на Република Северна Македонија.​​