Тешка сообраќајка близу Прилеп, има повредени


Во вторникот,  во 14.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(20) од Прилеп и патничко моторно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Љ.(67) с.Славеј, општина Кривогаштани. Во несреќата со тешки телесни […]

Загина пешак прегазен во близина на ГП „Ново Село“


Во вторникот, во 17 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во с.Ново Коњарево, патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од с.Ново Коњарево. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирал екипа од […]

Приведен кумановец за злоупотреба на туѓа платежна картичка


Кумановската полиција вчера во 09.30 часот го лишила од слобода кумановецот Р.Х. (48), кој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари. Како што информираат од МВР, платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката. Лицето било задржано во полициска станица […]

Голема полициска акција вечерва на автопатот Велес-Скопје, запленета дрога вредна над 250.000 евра


  Во тек е голема полициска акција на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес-Скопје, при што е пресечен меѓународен канал за шверц и запленета е дрога вредна над 250.000 евра. Дрогата била пренесувана во возило фолксваген туран, управувано од скопјанец. Од МВР потврдуваат дека во тек полициска акција, а детали најавуваат за утрешниот ден, по […]

Приведен патникот кој се соблекол гол до појас и викал „УЧК“ на летот од Брисел за Скопје


  Патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно ги вознемирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје. Полицијата го приведе веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот. „Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно […]

Рашковски: Софтверот е набавен на комплетно законски начин со почитување на сите законски процедури


 Тезата на Обвинителство е побиена со тоа што докажавме и преку сведочењето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека софтверот е набавен на комплетно законски начин со почитување на сите законски процедури. Софтверот е набавен исклучиво за потребите на Владата во рамките на остварување на своите обврски, согласно член 40а од Законот за Влада, […]

Одобрено е обвинението против Мухамед Зеќири


Одобрено е обвинението против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, соопшти Основниот кривичен суд.   – Советот за оценка на обвинителан акт, постапувајќи по поднесеното обвинение на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција  против М.З., кој се товари за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 вв. […]

Приведени криумчари, пронајдени 16 лица мигранти од Индија


 На автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна рампа „Смоквица“, синоќа во 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Б.З.(27) од Скопје и П.К.(22) од скопското село Инџиково. При преглед во товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.З, а сопатник бил П.К., […]

Поднесен обвинителен акт против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службената положба


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири. По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе […]

Приведен скопјанец за разбојништва во три аптеки


На ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, вчера во 13.15 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(36) од Скопје. Тој се сомничи дека во текот на септември и октомври годинава извршил повеќе кривични дела „разбојништво“ во аптеки во Скопје и една „тешка кражба“ во обид во стан. Од […]

Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци 


  Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци, потврди вечерва за МИА, Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи, за односи со јавноста. – Денес околу 15 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека  во близина на железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје,  удрил во стадо овци, при […]

Струмичанец удрил со автомобил во полицаец и побегнал


Полицијата го уапсила И.Ј.(40) од Струмица затоа што вчера околу 02:20 часот со автомобил марка „ауди“ удрил во полициски службеник кој извршувал службени задачи и потоа побегнал од местото на настанот. Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, возачот на „аудито“ бил запрен од страна на полицискиот службеник на улицата „Димитар Цветинов“ и […]

Приведени тројца скопјани поради напади на полицајци


Тројца скопјани се приведени поради агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Се работи за три одделни случаи, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. Во првиот случај синоќа, во 19:45 часот, на подрачјето на Шуто Оризари бил приведен Р.С.(22) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници […]

Наставник од Македонски Брод натепал ученици


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на служба“. Како што информира МВР, на 10 октомври 2022 во простории на основно училиште во Македонски Брод, пријавениот – вработен како наставник во училиштето, употребил физичка сила за да изнесе од објектот двајца […]

Две лица кои питачеле во Тетово добиле поднесоци за глоби од 15 до 50 евра


 СВР Тетово информира дека вчера во акција за откривање асоцијални појави, две лица се откриени како питачат и за тоа ќе добијат соодветни поднесоци. Полициските службеници на СВР Тетово во содејство и координација со тетовскиот Центар за социјални работи вчера од 8 часот и 30 минути до 12 часот во Тетово ја  спровеле заедничка контрола. […]

Се скарал со сопругата, па ѝ ја запалил ординацијата во Прилеп


Во средата, околу 22 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода  Д.Ѓ.(47) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 19.50 часот предизвикал пожар во ординацијата на неговата сопруга на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка“ во Прилеп, по претходно нарушени семејни односи. Во службен разговор во полициска станица тој признал дека […]

ОЈО Кавадарци со обвинителен акт за семејно насилство со смртни последици во Неготино


Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, кое е обвинето дека сторило кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 2 […]

Двајца битолчани пронајдени мртви кај местото викано „Сребрена вода“


 Попладнево во Битола, во 16:24 часот, до изворите на кисела вода кај местото викано „Сребрена вода“, битолско, пронајдени се во безживотна состојба А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. Несреќниот случај бил пријавен од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола, дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина […]

Рентген снимките на Тот како доказ на судското рочиште за убиството на ракометарот


Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 31 октомври, откако денеска на предлог на одбраната сведочеа лекари од Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување. На денешното рочиште лекарката Маја Мојсова Миовска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување […]

Лекари од КАРИЛ сведочеа на судењето за убиството на ракометарот Тот


Дури и да ја знаевме повредата на ‘рбетниот мозок, курсот на лекување ќе остане ист, изјави Маја Мојсова Миовска, лекар од Клиника за анестезија и реанимација во врска со лекувањето на ракометарот Денис Тот кој бил примен на клиниката на 7 април 2022 година откако бил претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во […]