Стружанец возел со 4,07 промили алкохол


Денеска во 13.34 часот полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга при сообраќајна контрола на патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки во Струга го санкционираа возачот К.Б. бидејќи по извршеното алкотестирање биле измерени 4,07 промили на алкохол. Лицето е исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесен соодветен поднесок.  

Полицијата и семејството трагаат по исчезнат кумановец


 Триесет и петгодишниот кумановец, Самир Салиевски од вчера од 10 часот се води како исчезнат. Случајот е пријавен и во полицијата.   Од СВР Куманово денеска информираат дека вчера во 22 часот во СВР Куманово, С.С.(21) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат С.С.(35) од Куманово. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на […]

Приведени девет лица во акцијата на ГП „Табановце“, меѓу кои и командир и заменик-командир


За злоупотреба на службена положба  во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик-командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На ГП  „Табановце“ синоќа беше акција на Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвнителство за гонење организиран криминал […]

Малолетник тешко повреден во судир меѓу „Мерцедес“ и мотоцикл


Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна несреќа во Тетово при што еден малолетник е тешко повреден. – На 25.12.2022 во 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Саво Тасевски“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(31) од Тетово и мотоцикл […]

Дојави за поставени бомби во училишта во Скопје, Тетово и во Битола


Дојави за поставени бомби простигнале утринава на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово и Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во СВР Битола, СВР Скопје и СВР Тетово досега e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (едно училиште), Тетово (две училишта) и Скопје (седум училишта) е упатена закана за […]

Колку поблиску Нова Година, толку повеќе казни за брзо возење


МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, во спроведена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 383 возачи. -Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над […]

Полициска акција на Табановце, имало апсења


Полицијата и Јавното обвинителство спроведуваат заедничка акција на граничниот премин Табановце, соопштија од МВР. – МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП „Табановце“, информираа од МВР, најавувајќи детали за акцијата за утрешниот ден. Според неофицијални информации се апселе службеници на граничниот премин заради корупција. Акцијата траела повеќе […]

Во Катланово запленет амфетамин во вредност од околу 40.000 евра


Припадници на полицијата денеска во Катланово приведоа три лица од Скопје, кај кои се пронајден околу седум килограми амфетамин, чија вредност е проценета на околу 40.000 евра, соопшти МВР. Како што информира портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, припадници на Единицата за недозволена трговија со дрога и Секторот за недозволена трговија со дрога оружје и […]

Осуденик нападнал затворски полицаец во КПД Идризово


 Осуденото лице М.М. кое престојува во Отвореното одделение во Казнено – поправниот дом Идризово утринава, околу 8:40 часот, без особена причина со ладно оружје го нападнал припадникот на затворската полиција Х.Х., кој ги извршувал работните задачи во одделението. Како што информира Управата за извршување на санкциите, М.М. му нанел на Х.Х. повреди по телото во […]

Скопјанец со живеалиште во Франција се обидел да пренесе мигрантка од Конго


Денеска, околу 01.30 часот на патот од маала Чифлик кон маала Сланиште, с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода С.С.(24) од Скопје, со живеалиште во Франција. Со него била пронајдена илегалната мигрантка С.К.(22) од Конго. По преземени мерки било утврдено дека за паричен надомест требало да ја […]

Двајца Украинци нападнати на „Ленинова“


На 22.12.2022 во 23.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на ул.„Ленинова“, едно машко лице со остар предмет ги нападнало К.Т.(27) и К.А.(27) од Украина, по што им одзело лични предмети. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Управата за водење на матични книги нелегално си набавила компјутери


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица и едно правно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353-в ст. 5 вв став 1 од Кривичниот законик, сторено кривично дело поттикнување […]

Опожарена напуштена куќа во населбата Гази Баба


Напуштена куќа на улицата „127 бр.20“ во населба Гази Баба утринава е опожарена. Пожарот е изгаснат и нема повредени лица. Од Територијалната противпжарна единица на Град Скопје за МИА информираат дека во гаснењето на пожарот биле вклучени осум пожарникари и две противпожарни возила. Пожарот е пријавен во 9:25 часот. 

За починатото момче во Пена, осомничена дека го нападнала 17-годишна девојка


Во четвртокот, во 14 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со 17-годишна малолетничка од тетовско Рогле. Таа се сомничи дека со тврд предмет го нападнала 16-годишниот малолетник од село Ново Село, Општина Желино, кој вчера во 7.10 часот беше пронајден починат во водите на река Пена на патот кон место викано „Бањиче“ во […]

Постар маж попладнево скокнал од балкон во Скопје, го спасиле случајни минувачи


Повозрасен човек попладнево на скопската улица „Орце Николов“, веројатно со намера да си го одземе животот, скокнал од балкон од зграда. Човекот бил спасен благодарение на брзата реакција на неколкумина минувачи и луѓе од блиските дуќани, на кои тој буквално им скокнл во раце. По ова, иако полесно повреден од падот, зашеметениот човек тргнал кон […]

Хорор во Гевгелија: Ја викнал на роденден, па ја тепал со боксови и ја силувал, па ѝ ја запалил облеката


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Осомничениот, на 19 декември, со употреба на сила и сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и […]

Починатиот малолетник бил од Ново село, Општина Желино


Малолетникот на возраст од 16 години, кој беше најден починат утрово околу 7 часот бил од Ново Село, Општина Желино, информираше СВР Тетово.  Неговиот татко вчера околу 16 часот пријавил дека се оддалечил од дома. -Денеска во 07:10 часот во водите на река Пена, на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од СВР […]

Најдено безживотно тело на 16-годишник во река Пена кај Бањиче


Утрово е најдено безживотно тело на 16 годишно лице во реката Пена кај месноста Бањиче. По пријавувањето во полиција, почнат е увид од претставници на СВР Тетово и Обвинителството. – Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во местото викано Бањиче, каде во реката беше пронајдено безживотното тело на починатото 16-годишно лице. […]

Дваесет и три годишно лице пронајдено починато во фирма во Скопје


  Од Итната медицинска помош вп СВР Скопје вчера во 12:30 часот било пријавено дека во фирма на бул.„Србија“ бил пронајден починат Д.С.(23) од Скопје. Како што информираат од МВР, екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен трудов инспектор. Како што посочуваат, по наредба на Јавен […]

Шпанец во Охрид фалсификувал деловни книги и си пишал плата од 800.000 денари


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Г.Р.(43) од Шпанија, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Тој, од еден правен субјект во Охрид одзел деловна книга за евиденција, ја пополнил со лажни податоци како да бил вработен во друг правен субјект во периодот […]