Скопјанка нападнала полицајци по спортски натпревар


Синоќа биле приведени две лица по спортски натпревар во салата „Јане Сандански“. – На 06.02.2023 во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(50) и 19-годишната С.С., двајцата од Скопје, информира МВР. По завршување на спортски натпревар во салата „Јане Сандански“, М.С. се однесувал агресивно кон полициски службеници, а С.С. физички […]

Му изнудил 18.630 евра за да не објави срамни фотографии


Во понеделникот, во 19.50 часот во тетовска Мала Речица, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Д.(33) од с.Голема Речица, тетовско и Ј.А.(60) од с.Пирок, тетовско. По преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно […]

Судењето за „Ласкарци“ се одложи поради отсуство на вешто лице


Судењето за случајот „Ласкарци“ се одложи откако во Основниот кривичен суд Скопје денеска не се појави вештото лице Зекирија Зекири. Како што информираше Судечкиот совет, вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде на денешното насрочено рочиште. Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, побара […]

Во Кривичен нови рочишта за Зеќири, Бонева, Дерковски и случајот „Ласкарци“


Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта на кои ќе се судат случаите каде обвинети се експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, ексгенералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, експретседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ќе се одржи и рочиште за случајот „Ласкарци“ каде обвинети се сопственикот и раководни лиц од „Дурмо турс“. На […]

Кривична за кичевчанка која на државно земјиште си изградила деловен објект


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Ќ.(41) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Таа, на пресекот на булеварот „Ослободување“ со улицата „11 Септември“ во Кичево, на државно земјиште неовластено изградила деловен објект со површина од околу 180 м2, што било констатирано и од овластен […]

Маж од Гевгелија на возраст од 37 години е жртвата кај Три Чешми


Возачот на автомибилот марка „голф“ со гевгелиски регистерски таблички загинал на местото при судир со тешко товарно возило на клучката кај Три Чешми, каде се спојуваат експресниот пат кон Штип и автопатот Штип-Миладиновци. Станува збор за маж роден 1986 година во Гевгелија. Автопатот Штип – Миладиновци е затворен и во двете насоки, додека трае увидот […]

Тешка сообраќајка во близина на штипската населба Три Чешми


Тешка сообраќајна несреќа се случи рано утринава на автопатот Штип – Миладиновци во близина на на населбата Три Чешми. Според првичните информации, во сообраќајката е загинато едно лице. Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова за МИА потврдува дека несреќата се случила меѓу товарно возило и авгомобил. Во моментов на местото на несреќата се екипи на […]

Краделе од рудник на РЕК Битола


Во саботата во близина на рудник Брод-Гнеотино, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.А.(51) и Л.А.(19), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека околу 18.00 часот влегле во кругот на рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола и одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле […]

Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од десет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за […]

Возрасни мажи краделе влезни врати од бул „АСНОМ“ во Аеродром


Во четвртокот,  околу 18.30 часот на паркинг простор пред трговски центар на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Г.Г.(43) и М.М.(40), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 15 до 18 часот одзеле три влезни врати од две згради […]

Тепачки во Скопје: Се тепале малолетници, натепан и стар дедо


Повеќе физички пресметки нотира полицискиот билтен за вчерашниот ден, при што во тепачките учествувале малолетници, а натепан е и еден 83-годишник. Во средата, во 12.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 12.15 и во 12.25 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од неколку малолетници. Се преземаат […]

На студенти под кирија во Аеродром, им влегле во станот и им ги зеле телефоните


  Во средата, во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.01.2023 околу 4.30 часот три лица со употреба на сила влегле во стан на подрачјето на Аеродром, каде престојувале Х.М.(23) од Прилеп, С.Ј.(22) од Струмица и Д.А.(21) од Велес, физички го нападнале Х.М. и со закана од тројцата одзеле мобилни телефони. Се […]

Пожар во куќа во Велес, нема повредени


Во пожар што утрово пламна на третиот кат од семејната куќа на ул „Димче Мирчев“ бр 1 пред рампата во населбата Дворови во центарот на Велес изгоре поголема просторија од спратот и покривот на куќата. За среќа во пожарот нема повредени членови на семејството. – Пожарот бил пријавен во ТППЕ Велес во 7:40 часот и […]

Судењето за Лидија Димова продолжува на 3 март


Судењето за случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница продолжува на 3 март. На почетокот на судењето второобвинетиот призна вина со што кривичната постапка за Гочев беше одвоена и закажана за 21 февруари, а судењето продолжи само за првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција […]

Малолетничка прегазена со автомобил во Арачиново


Во средата, во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Арачиново, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(24) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од истото село, информира МВР. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид […]

Второобвинетиот Гочев призна дека вршел измама на штета на средства на Европската заедница


  Второобвинетиот Александар Гочев кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница денеска во Основниот кривичен суд призна вина. Гочев кој на почетокот побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана рече дека вината не ја […]

Несреќа во Куманово: Удрил со автомобил во паркиран автобус и починал


    Педесетгодишен кумановец почина по здобиени повреди откако со неговиот автомобил удрил во паркиран автобус кај село Доброшане, соопшти денеска СВР Куманово.   – Вчера околу 20:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во село. Доброшане, Kумановско, Г.И.(50) од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил […]

Во камион и магацин пронајдени 800 кг прехранбени артикли со изминат рок 


Во средата,  во 11 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење. Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на […]

Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова 


    Во Основниот кривичен суд денеска почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.   Судењето претходно беше одложено, бидејќи првообвинетата не се појави под оправдување дека имала влошена здравствена состојба.    Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се […]

Со презентација на супервештачењето продолжи судењето за „Ласкарци“


Во Основниот кривичен суд денеска продолжи распитот на вештаците од тимовите кои го изготвија супервештачењето за случајот „Ласкарци“. Денешната расправа започна со распит на вештото лице Зекирија Зекири, дел од тимот што го изготвил машинското вештачење. На изминатото рочиште јавниот обвинител Дарко Јакимовски поставуваше прашања кои се однесуваат на стручноста и компетентноста на вештаците, за […]