Возрасни мажи краделе влезни врати од бул „АСНОМ“ во Аеродром


Во четвртокот,  околу 18.30 часот на паркинг простор пред трговски центар на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Г.Г.(43) и М.М.(40), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека во периодот од 15 до 18 часот одзеле три влезни врати од две згради на бул.„АСНОМ“.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.