Тепачки во Скопје: Се тепале малолетници, натепан и стар дедо


Повеќе физички пресметки нотира полицискиот билтен за вчерашниот ден, при што во тепачките учествувале малолетници, а натепан е и еден 83-годишник.

Во средата, во 12.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 12.15 и во 12.25 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Во 18.05 часот во СВР Скопје, Г.Б.(52) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од Г.К.. Се работи на расчистување на случајот.

Во 11.30 часот во СВР Скопје, Љ.К.(52) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека на 28.01.2023 околу 23.30 часот во с.Кучевиште неговата малолетна ќерка била физички нападната од едно лице од с.Мирковци, скопско. Се работи на расчистување на случајот.

Во 6.37 часот во СВР Скопје, директор на фирма во с.Трубарево, скопско, пријавил дека чуварот Б.Б.(60) бил пронајден со повреди од физички напад. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 6.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на ул.„Драгиша Мишовиќ“ во Скопје, Ѓ.И.(64) од Скопје физички го нападнал Б.П.(83) од Скопје, при што употребил и предмет. Полициски службеници од Полициската станица Карпош излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.