Кривична за кичевчанка која на државно земјиште си изградила деловен објект


Фото: Б. Грданоски

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Ќ.(41) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Таа, на пресекот на булеварот „Ослободување“ со улицата „11 Септември“ во Кичево, на државно земјиште неовластено изградила деловен објект со површина од околу 180 м2, што било констатирано и од овластен градежен инспекторат.