Малолетничка прегазена со автомобил во Арачиново


Во средата, во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Арачиново, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(24) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од истото село, информира МВР.

Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, во 14.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, патничко возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(51) од с.Никуљане, општина Старо Нагоричане, удрило во пешакот Д.Ѓ.(43) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.