Скопјанка нападнала полицајци по спортски натпревар


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Синоќа биле приведени две лица по спортски натпревар во салата „Јане Сандански“.

– На 06.02.2023 во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(50) и 19-годишната С.С., двајцата од Скопје, информира МВР.

По завршување на спортски натпревар во салата „Јане Сандански“, М.С. се однесувал агресивно кон полициски службеници, а С.С. физички ги нападнала додека извршувале службени дејствија.