Дваесет и петгодишна сопатничка загина во сообраќајка на патот Битола-Кичево


Попладнево во 16:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево кај местото викано „Бели мост” се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби Ј. Г. (25 г.) која живее во демирхисарското село Белче. Од СВР-Битола вечерва соопштија дека во сообраќајната незгода учествувало патничко моторно возило марка „мерцедес” со демирхисарски регистарски […]

Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел (видео)


Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово. Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени […]

Приведен скопјанец, се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта


Во понеделникот, во 18.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(26) од Скопје. Тој се обидел со фалсификувана лична карта да подигне брз кредит од финансиско друштво во трговски центар на бул„Јане Сандански“, но вработениот се посомневал во исправноста на личната карта и повикал полиција. Лицето […]

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит


Царински службеници синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ открија и запленија над 43 килограми златен накит, информира денеска директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. Ова, како што потенцираше таа, е рекордна заплена на златен накит, кој се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра.  – По претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна […]

Затворениците во „Идризово“ ископале тунел за бегство


Тунел ископан во скопскиот затвор „Идризово“ е откриен од затворските власти, потврдија за неколку медиуми од Управата за извршување санкции. Како што велат оттаму, претставници на повеќе надлежни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, па затоа во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации. Дел од медиумите, повикувајќи се […]

Сведоштва: Во модуларната болница во Тетово што изгоре имало противпожарен апарат


Со сослушување нови сведоци предложени од Обвинителството и од одбраната на обвинетите, денеска продожи судскиот процес за пожарот во тетовската модуларна болница. Сослушани беа универзитетските професори Влатко Стоилков и Владимир Димчев од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Тие во предистражната постапка изработиле вешт наод и мислење […]

Лажно ветувале работни визи за во Германија – уапсени две жени


Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (20.03.2023) околу 14.15 часот ги лишиле од слобода 41-годишната тетовка А.А. и 26-годишната Ф.Б. од гостиварско Србиново. Тетовката, која во Гостивар престојувала кај Ф.Б, се сомничи дека минатата и оваа година на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје извршила над 5 измами, лажно ветувајќи им […]

Во Кривичен продолжи судењето за случајот „Ласкарци“


Со испитување на вештакот Зекирија Зекири во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, […]

Ново рочиште за пожарот во тетовската модуларна болница


Во 10 часот денеска треба да се одржи ново рочиште од судскиот процес за пожарот што се случи во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животот го загубија 14 лица. На последното рочиште, што се одржа на 2 март, судијата побара адвокатите на одбраната за денеска да посочат за кои околности се повикуваат […]

Вработена во ПИОМ аплицирала за брзи кредити на туѓо име


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената – вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување – Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во […]

Пронајдени човечки коски и облека кај кочанско Оризари


Жител на кочанската населба Оризари вчера претпладне, додека изведувал земјоделски активности на својот имот, забележал остатоци од облека и човечки коски, по што веднаш ја известил полицијата. Од СВР – Штип го потврдуваат настанот, но не соопштуваат дали се работи за остатоци од постар датум. -На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР – Кочани било […]

Приведени скопјанка и штипјанец поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство


Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н.(41) од Штип. На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ-Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле […]

Марјан – Доказ префрлен во болницата „8 Септември“


Сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски кој е во притвор во затворот во Шутка денеска е префрлен во Градската болница „8 Септември“ поради проблеми со срцето. Од затворот за „Фокус“ ја потврдуваат информацијата и велат дека тој задржан во болницата на понатамошно лекување. Ноќта во петокот спроти саботата, Стаменковски поради болки во градите со Брза […]

Стоилковски: МВР регистрирало пиштол на лице поврзанo со тежок криминал


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски обвини денес дека МВР регистрирало пиштол на лице кое е на листата на врвните 50 обвинети за тежок криминал. -Дали во МВР е регистрирано оружје, пиштол Глок, калибар 9 милиметри, на лице со одобрение за оружје, Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година?Дали Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година, […]

Полицијата во контрола на угостителски објекти, приведени 62 лица и пронајдена дрога


Од полноќ до 4.00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи спроведена е акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, како и точење и продавање на алкохол на малолетници во 267 угостителски објекти на 26 локации, информираше МВР.    Во рамки на контролата на подрачјето на СВР Тетово откриено е едно […]

18 години затвор за возачот што пијан усмрти дете од Велес


Возачот Ангелчо Николов, кој ја прегази 11-годишната Магдалена и ја усмрти, доби 18 години затвор за двете дела за кои се гонеше од Обвинителството. Тој доби и забрана за управување моторно возило. На Николов му е изречена мерка притвор бидејќи судот сметаше дека тој може да избега ако биде на слобода. Судијките посочија дека предвид […]

ОЈО ја расчистува кражбата на монитор од Бугарскиот центар, ограбени уште две кафулиња во непосредна близина


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесено известување од Министерството за внатрешни работи за извршена кражба во просториите на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, ги издава сите потребни насоки и наредби за откривање на сторителите. Настанот се случи ноќта меѓу 15 и 16 март, кога непознати сторители со употреба на сила, освен […]

Полициска акција во Скопје, приведени дилери на дрога


Во тек е голема полициска акција во Скопје при што приведена е поголема група улични дилери на дрога. Според првичните информации, уапсени се дилери на амфетамин, а меѓу уапсените е и учителка во основно училиште. Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но повеќе детали најавуваат за утре, по нејзиното завршување.

Приведен татко што ја тепал 18-годишната ќерка во Кисела Вода


  Во средата, во 19.15 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство бил лишен од слобода Б.П.(59) од Скопје. Имено, тој околу 16.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 18-годишна ќерка, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на […]

Утрово во пожар во куќа во Велес, изгоре маж


Утрово, во 04.27 часот во Полициската станица во Велес било пријавено дека во куќа на улица „Коле Цветков” во Велес настанал пожар. Во куќата бил пронајден починат сопственикот М.Ц.(58) од Велес, кој настрадал во пожарот. Лекар од Итна медицинска помош од Велес констатирал смрт, а пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Велес. Увид […]