Четири малолетници натепани од возрасни или од врсници


Во неколку одвоени тепачки, жртви биле малолетници – ученици, а тие биле малтретирани од соученици, другари, но и од возрасни, меѓу кои и од жена.

Во четвртоктот, во 20.30 часот во Полициска станица Гевгелија, Б.Б.(51) од Гевгелија пријавила дека околу 17 часот во дворот на основно училиште во Гевгелија нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден,  во 19.40 часот во Полициска станица Куманово, Л.Н.(42) од с. Тромеѓа, кумановско, пријавила дека околу 11 часот, додека била на училиште, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Околу 22.40 часот во Полициско одделение Петровец, И.К.(36) од Скопје пријавила дека околу 21. часот во нејзиниот дом на подрачјето на Илинден, по претходна расправија, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 22 часот во СВР Скопје, Х.И.(51) од Скопје, пријавила дека на 12.04.2023 околу 22.30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.