Маж во Пинтија се заканувал на сопругата со пиштол


Во четвртокот попладнето, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(49) од Скопје.

Имено, него го барале по пријава, според која на 12.04.2023 околу 22.00 часот во семејниот дом во населба Пинтија агресивно се однесувал кон неговата сопруга и се заканувал со пиштол.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.