Скопјанец ограбен на паркинг пред казино


Скопјанец, на возраст од 46 години, вчера бил ограбен на паркинг пред казино.

-На 10.04.2023 во 11.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(46) од Скопје, вработен во казино на ул.„Качанички пат“, пријавил дека на паркинг од казиното, три лица со закана му одзеле пари, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.