Македонската полиција заедно со Фронтекс најде 505 украдени автомобили


Во операцијата „Mobile 6“, реализирана во октомври годинава, а предводена од Фронтекс, пронајдени се 505 украдени автомобили, околу 2.000 украдени делови за возила, 16 чамци, 32 надворешни мотори и 248 фалсификувани документи. Дополнително, органите-учеснички во операцијата идентификувале 209 шверцери на мигранти. „Mobile 6“, соопштија денеска од Европол, се одвивала на надворешните копнени граници на ЕУ, […]

Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката


 Во Битола вчера во 18.00 часот полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(36) од Битола. Како што денеска соопштија од МВР, тој се сомничи дека околу 10.10 часот во Битола физички ја нападнал В.В.(73) од Битола и ѝ одзел чанта со пари. – Со судска наредба бил извршен претрес […]

Кражба во две спортски обложувалници во Скопје, одземени два сефа со пари


Во две спортски обложувалници во Скопје била извршена тешка кражба и биле одземени два сефа со пари.  Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот рано изутрината во 3:50 часот бил пријавен во СВР Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Во друг случај, пак, на 1 ноември 2023 година во СВР Скопје било пријавено […]

Кратовец уапсен за кражба во угостителски објект


Полициски службеници во Кратово рано утрово околу три часот уапсиле 39 годишен жител на градот, кој извршил кражба во продажен и угостителски објект. – На 2 ноември 2023, во 2 часот и 55 минути, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кратово го лишиле од слобода 39 годишниот  М.Ј. од Кратово, кој се сомничи дека […]

Се степале двајца соседи пред влез од зграда


Двајца повозрасни соседи вчеравечер физички се пресметале во скопски Аеродром и тоа во влезот од зградата на живеење. На 31.10.2023 во 20.15 часот во СВР Скопје, Д.М.(69) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот во влез од зграда на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Ј.(52) од Скопје, соопшти МВР. По целосно […]

Прекин на сообраќајот поради сообраќајка кај Баткова Чешма, Делчевско


Поради сообраќајна несреќа во која едно возило излетало од патот кај месноста Баткова Чешма, Делчевско, во прекин е сообраќајот на  патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани.  На местото на сообраќајката интервенирала Итната медицинска помош, при што едно лице е повредено и во моментот со возило и присуство на доктор е упатено кон Клиничката болница […]

Две лица незаконски наплатувале паркинг во Скопје, добија кривична од МВР


Министерството за внатрешни работи информираше дека денес во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршиле контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на […]

Приведен возач со 3,53 промили алкохол во крвта, се онесвестил и застанал на автопат


Во понеделникот, во 23 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско.   Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот.   Тој […]

Почина и бабата што ја замеси отровната пита во Скопје


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје. Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување. -Надлежниот јавен обвинител работи на […]

Жена повредена во сообраќајка во центарот на Скопје


Во центарот на Скопје доцна попладнево се случила сообраќајна незгода во која со повреди се здобила жена, која е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Од МВР информираат дека увидот е во тек, а според првичните информации мотоцикл удрил во жената пешак.

Кривична пријава за негувателката што им давала на децата да пушат електронска цигара


Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавената, вработена како негувателка во детска градинка „Димче Мирчев“ во Велес, овозможила деца од градинката да користат електронска цигара. Основното јавно обвинителство Велес […]

Најден запален автомобил во Сарај, МВР и Обвинителството проверуваат дали го возел пукачот од Ист Гејт


Обвинителството истражува дали пронајденото запалено возило во скопски Сарај е поврзано со човекот кој минатата недела во трговскиот центар Ист Гејт пукаше кон Раде Трајковски – Штекли и неговиот пријател, 23 годишниот Колумбо и им нанесе тешки повреди. Од МВР за повеќе информации упатуваат во ОЈО, од каде пак за А1он велат дека се уште […]

Фатен крадец на велосипеди во Скопје


Во неделата.  во Скопје полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Д.(19) од Скопје. Тој се сомничи дека на подрачје на општина Аеродром на 02.10. и 25.10.2023 одзел велосипеди. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна […]

Полициска акција „Синџир“ во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид


 Од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид се вршат претреси и се приведуваат лица осомничени за кривични дела против јавните финансии и платниот промет.  -Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што Обвинителството ја спроведе […]

Комбе полно со мигранти, бегајќи од полицијата, пропадна во ископан канал во Велес


Комбе полно со мигранти вчеравечер околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица, помеѓу судот и Интернационал. Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата „8 Септември“, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот. Од велешката полиција за […]

Го привеле поради исечени 12 кубици дрва


Полициски службеници лишиле од слобода лице од с.Волкодери, ресенско, за исечени околу 12 м3 огревни дрва, при што му биле пронајдени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР. -На 29.10.2023 во с.Волкодери , ресенско, полициски службеници од СВР Битола- […]

Патнички воз Скопје – Неготино удрил во железен предмет на пруга, граѓаните патувале шест часа


Патничкиот воз Скопје – Неготино синоќа удрил во железен предмет кој испаднал на пругата од друг воз, при што патниците патувале шест часа. Како што објасни за МИА неготинецот Илија Стамков, поголемиот дел од возот останал во тунелот, само предниот дел каде што е кабината на машиновозачот бил излезен надвор.  – Се беше во ред […]

Викендот непочнат, а се тепале жени, браќа, а и возач на автобус натепал патник


Полицискиот билтен за петокот, стандардно, бележи бројни тепачки, при што физички се пресметувале жени, браќа, возачи на автобуси со патници, учесници во сообраќајка… Така, во петокот во 20.50 часот во Полициска станица Гази Баба Л.П.(67) од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот на подрачје на Гази Баба била физички нападната од женско лице А.Т., која […]

Почина рудар во Крива Паланка, кој се повредил на работното место


Во петокот  во 17.10 часот во Полициска станица Крива Паланка е пријавено дека во Итна медицинска помош – Крива Паланка бил донесен починат С.М.(54) од Крива Паланка. Тој се повредил додека извршувал работни задачи како рудар во рудник во Крива Паланка и при транспорт од рудникот до Здравствен дом Крива Паланка починал. Увид на местото на […]

Автомобил удри во велосипедист кај „Мајчин дом“, тој по инерција во количка со дете


 Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи претпладнево во скопската населба Аеродром, на крстосницата кај „Мајчин дом“. Како што потврдија од МВР за МИА, денеска околу 10.10 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван […]