Жена повредена во сообраќајка во центарот на Скопје


Фото: Б. Грданоски

Во центарот на Скопје доцна попладнево се случила сообраќајна незгода во која со повреди се здобила жена, која е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош.

Од МВР информираат дека увидот е во тек, а според првичните информации мотоцикл удрил во жената пешак.