Кратовец уапсен за кражба во угостителски објект


Полициски службеници во Кратово рано утрово околу три часот уапсиле 39 годишен жител на градот, кој извршил кражба во продажен и угостителски објект.

– На 2 ноември 2023, во 2 часот и 55 минути, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кратово го лишиле од слобода 39 годишниот  М.Ј. од Кратово, кој се сомничи дека на улица „Јосиф Даскалов“ во Кратово влегол во продажен и угостителски објект и одзел пари и други предмети. М.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово, Ивана Младеновска.

Во текот на вчерашниот ден СВР Куманово бележи уште едно нарушување на јавниот ред и мир во Кратово, имено, 34 годишен жител на Кратово, физички нападнал 63 годишен сограѓанин.

– На први ноември во 23 часот и 40 минути во ОВР Кратово било пријавено дека на Плоштадот „Павел Шатев“ во Кратово, 63- годишниот Н.Д. од Кратово бил физички нападнат од 34- годишниот Т.Л. исто така од Кратово. Против напаѓачот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Куманово.