Се степале двајца соседи пред влез од зграда


Фото: Б. Грданоски

Двајца повозрасни соседи вчеравечер физички се пресметале во скопски Аеродром и тоа во влезот од зградата на живеење.

На 31.10.2023 во 20.15 часот во СВР Скопје, Д.М.(69) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот во влез од зграда на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Ј.(52) од Скопје, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.