Еден работник почина, а вториот се бори за живот, откако се затруле во свињарска фарма во Светиниколско


Во фарма во светиниколското село Амзабегово две лица се затруле, едното починало на лице место, а второто било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Според првичните информации работниците се затруле од хемиска материја. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека го потврдуваат случајот, а во моментов во свињарската фарма на увид […]

Пациент нападнал со нож вработен во „8 Септември“


Во Градската општа болница „8 Септември“ вечерва се случил инцидент, откако вработен во болницата бил нападнат од страна на пациент. -Вечерва во 19.47 часот од ГОБ “8 Септември” е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во […]

На граничниот премин „Долно Блаце“ меѓу Македонија и Косово уапсен нападнатиот во М-НАВ


    Во текот на вчерашниот ден на Граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од државата бил лишен од слобода П.Б. од Скопје за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“. Како што соопштуваат од МВР, при извршување на пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна […]

Приведени крадци во Чаир, ги нападнале полициските службеници


Вечерва во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека денеска околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело „тешка кражба“, по што се дале во бегство. Како што соопшти МВР, по преземени мерки од […]

Спречен обид за нелегална трговија со три килограми марихуана


 Спречен обид за нелегална трговија со наркотична дрога, откако мобилен тим во координација со полициски службеници при Одделот за крриминалистичка полиција пронајдоа три килограми марихуана при претрес на автомобил, соопшти Царинската управа. Возилото со албански регистарски таблички управувано од албански државјанин кој патувал со сопатник од Албанија е сопрено од страна на полициски службеници на […]

Полицијата трага по 16-годишно момче од Скопје кое се оддалечило од установа за згрижување


Вчера во полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Д.Д. на возраст од 16 години, од Скопје. Тој и претходно повеќе пати се оддалечувал и бил пронаоѓан и враќан назад. Се преземаат мерки за […]

Го измамиле за 175.000 денари


Вчера, во 19.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 22-годишник од скопско село, сопственик на фирма, пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 175.000 денари. Според пријавеното, на 26.12.2023 лицето се претставило како вработен во друга фирма и му побарало понуда за неколку производи, а откако се договориле, истиот ден и на […]

Приведен бегалец од затвор, осуден на 15 години затвор


Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола лишен е од слобода е Б.М. (62) од Крушево. Тој бил баран со потерница откако поради бегство од затворот Идризово. Б.М бил осуден на 15 години затвор по член 123 од КЗ на РМ, а пред избега одлежал половина од казната. Фатеното лице ќе биде спроведено повторно […]

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Делчево – М.Каменица


Пуштен е сообраќајот на патот Делчево – М.Каменица кој поради сообраќајка на две возила беше во прекин од 19 до 21 часот. Во сообраќајката едно лице е потешко повредено, но е вон животно загрозувачка состојба. Лицето јое се здобило со скршеници на коски е пренесено на понатамошно лекување во клиничка болница Штип. Во двете возила […]

Во кафеани во Тетово и Охрид најдени 99 жени од Украина, Русија, Белорусија, Албанија со нерегулиран престој


На 04/05.01.2024 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со ОСПО, а во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по добиени наредби за претрес од Основен кривичен суд, Скопје, извршени се претреси во […]

Со такси сакал од Албанија во Македонија да прошверцува марихуана и огнено оружје


Албанската полиција привела жител на Паскуќан, Тирана, при обид со своето такси возило во Северна Македонија да прошверцува марихуана и огнено оружје со муниција. – Финализирана е полициската акција под шифра „Таксист“ во која е уапсено лицето М.М.(51) откако при контрола на возилото со кое вршело такси превоз се откриени 8,2 килограми марихуана и автоматско […]

Две лица загинаа во сообраќајкa на магистралата Гостивар-Кичево


Две лица ги загубија животите од повреди задобиени во сообраќајната несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Гостивар – Кичево во близина на каменоломите, информираат од СВР Тетово. Сообраќајната несреќа била пријавена утрово (5 јануари) во 7 часот и 10 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи). – Во […]

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија


Македонски државјанин, кој управувал камион – шлепер учествувал во сообраќајна несреќа што се случила во близина на албанскиот град Либражд. Камионот се судрил со патничко моторно возило, при што повредени се две лица кои биле автомобилот. – На патниот правец Либражд-Елбасан, на местото викано „Мостот на Мураш“ товарно возило управувано од Г.Т. државјанин на Северна […]

Кривична пријава за измамничка од Бугарија


Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ– Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Куманово, СВР Скопје и ОВР Свети Николе расчисти две кривични дела „измама“ извршени на 29.11.2023 и 10.12.2023 врз две жени од Куманово и Свети Николе и ќе поднесе кривична пријава против В.Е.И.(58) од Република Бугарија поради сомнение дека ги […]

Продолжен притворот на петмината осомничени во случајот за убиството на Вања и Панче


Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје им ја продолжи мерката притвор за 30 дена на петмината осомничени за случајот со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. – Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на : В.М., В.К., Б.В. […]

Поднесено обвинение против 33-годишен скопјанец за пукање


 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 33-годишен скопјанец кој пред зграда на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје вперил пиштол, што го поседувал без дозола, кон три лица и потоа испукал еден куршум во воздух, со што извршил грубо насилство и предизвикал значителна опасност за животот на оштетените. Како што информираат од ЈОРСМ, по […]

Заталкан куршум заврши во стан во Чаир


Вчеравечер во 22.50 часот во СВР Скопје, А.Ш.(63) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир, од заталкано зрно бил оштетен таван од стан. Од СВР Скопје велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Верижен судир на три возила на патот Мелнички Мост-Центар Жупа, едно лице полесно повредено


Сообраќајна несреќа попладнево околу 17 часот се случила во близина на Мелнички Мост, на кракот кој од регоналниот пат Дебар-Маврово се одделува за Центар Жупа, кај селото Долно Меличани. – Станува збор за вержен судир на три возила со македонски регистарски ознаки. За среќа, во несреќата со полесни повреди се здобило само едно малолетно лице, […]

Удрил во нивниот автомобил, па ги изнатепал


 Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишник кој поминувајќи на црвено удрил во друго возило, а потоа ги нападнал оштетените нанесувајќи тешки телесни повреди на еден од нив. Како што соопштија од Јавното обвинителство, за лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело – „насилство“ и „предизвикување општа опасност“. – […]

Приведен криумчар на мигранти


Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот „Пријателство“, меѓу Табановце и Куманово го лиши од слобода И.Ѓ.(32) од Гевгелиско.  Како што информира МВР, И.Ѓ. во патничко моторно воџило „пежо“ превезувал три лица мигранти од Непал. -По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението.